Илчо Наумоски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Илчо Наумоски | ||
Роден на | 29 јули 1983 | ||
Роден во | Прилеп, Југославија | ||
Висина | м | 1,91||
Позиција | Напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Вардар | ||
Број | 50 | ||
Младинска кариера | |||
1995-2000 | Рапид Виена | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2002–2004 | Грацер | 22 | (8) |
2004 | Малатијаспор | 3 | (0) |
2005 | Катанија | 0 | (0) |
2005–2013 | Матерзбург | 227 | (51) |
2013 | Интер Баку | 4 | (0) |
2014– | Вардар | 3 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2003– | Македонија | 45 | (9) |
* Ажурирано на: 22 декември 2013 ** Ажурирано на: 13 јуни 2012 |
Илчо Наумоски (роден на 29 јули 1983 во Прилеп, Југославија) — македонски фудбалер кој игра за Вардар во македонското фудбалско првенство и за фудбалската репрезентација на Македонија.
Наумоски својата фудбалска кариера ја започнал во австрискиот клуб Грацер. Својот прв погодок во Австриската Бундеслига го постигнал на 17 август 2002 година во натпреварот против Рапид Виена кој завршил со резултат 1-1. Во премиерната сезона во Австриската Бундеслига тој одиграл 12 натпревари и постигнал пет голови, а клубот го освоил второто место во лигата. Следната сезона Наумоски играл во Лигата на Шампионите каде бил елиминиран во последното - трето квалификационо коло од Ајакс. Во 2004 година, со Грацер, Наумоски ја освоил двојната круна (Австриската Бундеслига и Австрискиот Куп). Во двете сезони во Грацер, тој одиграл 22 натпревари и постигнал осум голови.
По две неуспешни сезони, најпрво во турски Малатијаспор, а потоа и во италијанскиот калчолигаш Катанија [1], тој повторно се вратил во Австрија, овојпат во Матерзбург. Во Матерзбург, Наумоски за многу кратко време станал клучен играч на клубот.
Во август 2013, Наумоски потпишал едногодишен договор со Интер Баку во азербеџанското фудбалско првенство, со можност на продолжување на договорот на уште една година.[2] Откако за клубот одиграл само 4 натпревари на кои не постигнал погодок, договорот на Наумоски бил предвреме раскинат.[3] На почетокот на 2014, во зимскиот преоден рок, Наумоски како слободен играч потпишал за Вардар Скопје.[4]
Наумоски својот прв натпревар за Македонската фудбалска репрезентација го одиграл на 9 февруари 2003 година во пријателски натпревар против Хрватска кој завршил со резултат 2-2. Првиот погодок за репрезентацијата го постигнал на 20 август истата година на пријателски натпревар во Прилеп против Албанија. Натпреварот завршил со резултат 3-1 во корист на Македонија.
# | Дата | Место | Противник | Резултат | Исход | Натпреварување |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 20 август 2003 | Прилеп | Албанија | 3–1 | Победа | Пријателски натпревар |
2 | 11 октомври 2006 | Андора ла Веља | Андора | 3–0 | Победа | Квалификации за ЕП 2008 |
3 | 7 октомври 2007 | Скопје | Андора | 3–0 | Победа | Квалификации за ЕП 2008 |
4 | 17 ноември 2007 | Скопје | Хрватска | 2–0 | Победа | Квалификации за ЕП 2008 |
5 | 20 август 2008 | Луксембург | Луксембург | 4–1 | Победа | Пријателски натпревар |
6 | 6 септември 2008 | Скопје | Шкотска | 1–0 | Победа | Квалификации за СП 2010 |
7 | 3 март 2010 | Скопје | Црна Гора | 2–1 | Победа | Пријателски натпревар |
8 | 7 септември 2010 | Скопје | Ерменија | 2–2 | Реми | Квалификации за ЕП 2012 |
9 | 8 октомври 2010 | Андора ла Веља | Андора | 2–0 | Победа | Квалификации за ЕП 2012 |
|