Сугарево | |
---|---|
Координати: 41°33′N 23°25′E / 41.550° СГШ; 23.417° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 58.075 км2 (22,423 ми2) |
Надм. вис. | 955 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 19 |
• Густина | 0,00.033/км2 (0,00.085/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2820 |
Повик. бр. | 07437 |
Сугарево — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Селото Сугарево се наоѓа на 30 километри југозападно од Свети Врач во планински регион, во југозападните делови на планината Пирин. Селото се наоѓа на надморска висина од 955 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 58.075 км2. Климата е преодна средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Низ територијата на селото тече Реката Сугаревска, главната притока на реката Мелник.
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сугарево (Sougarévo) е село со 15 семејства и 50 Македонци[1][2]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 236 македонски патријаршисти[1][3].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, три лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[4].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 190 | 217 | 228 | 135 | 100 | 69 | 55 | 20 | 19 | 19 |
Селската црква е посветена на „Свети Илија“. Црквата била изградена во 1856 година од страна на месниот жител Мано Сирманов, којшто сонил сон за да ја изгради. Во голем степен, црквата го задржала својот оригинален облик.Црквата е изградена на раб на една стрмна долина. Крај црквата се наоѓа гробот на Тодор Александров и Панзо Зафиров и гробовите на Симеон Евтимов, Иван Параспуров и Антон Попов. До гробот се стигнува по обележан пат од село Сугарево, и е оддалечено околу 1 километар од селото на северозапад.
Традиционалниот собир на селото е на празникот Илинден.
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title=
(help)
|