„Best Thing I Never Had“ е песна од американската пејачка Бијонсе Ноулс од нејзиниот четврт студиски албум, 4 (2011). Била издадена на 1 јуни 2011, преку Columbia Records како вториот сингл од албумот. „Best Thing I Never Had“ е напишана од Патрик „Ј. Ке“ Смит и ко-напишана од Кенет „Бејбифејс“ Едмондс, Symbolyc One, Калеб Меккембел, Атонио Диксон, Ноулс и Ши Тејлор.Р&Б-поп баладата, „Best Thing I Never Had“ содржи текст кој зборува за освета и карма. Не чекајќи да остане со скршено срце, женскиот протагонист ја прикажува својата нова среќа, која ја има добиено откако раскинала со нејзиниот бивш љубовник кој не го познавал чувството на среќа со неа.
Критичките одговори на „Best Thing I Never Had“ биле генерално позитивни, а неколку музички критичари ја споредиле песната со претходниот сингл на Ноулс од 2006 година, „Irreplaceable“. Тие исто така ги пофалиле и вокалите на Ноулс како и текстот на песната. „Best Thing I Never Had“ се има искачено на неколку светски табели. Музичкото видео режирано од Дајан Мартел било премиерно покажано на 7 јуни 2011 година. Во него е прикажана Ноулс на свадбена церемонија.
„Best Thing I Never Had“ е напишана од Ноулс и Кенет „Бејбифејс“ Едмондс[1] и Патрик „Ј. Ке“ Смит,[2] а продуцирана од Symbolyc One.[3] Слушачка приватна забава за четвртиот студиски албум на Ноулс била одржана на 12 мај 2011. Ноулс им понудила на присутните преглед на пет песни од новиот албум како и официјалното музичко видео за „Run the World (Girls)“. На забавата, „Best Thing I Never Had“ била една од петте песни кои им биле прикажани на избраната група обожаватели.[4] На 1 мај 2011, песна наречена „End of Time“ протекла на интернет како демо[5] додека целосното демо на песната, со Ноулс која му се исповеда на нејзиниот љубовник, протекло на 20 мај 2011, со тагот „само за користење на интернет“.[6][7] Неколку мрежни места, вклучувајќи ја и MTV News почнале да известуваат потенцијален следбеник на водечкиот сингл, „Run the World“.[8] Сепак, тие шпекулации биле засенети со издавањето на промоционалниот сингл, „1+1“ на 25 мај 2011.[9] Во почетокот на јуни 2011, Columbia Records изјавила дека „1+1“ нема да биде испратен до радијата, а „Best Thing I Never Had“ служел како вториот сингл од 4, следејќи го „Run the World“.[10]