„Just Tonight“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
![]() | |||||
Сингл од The Pretty Reckless | |||||
од албумот Light Me Up | |||||
Издаден | декември 23 2010 | ||||
Текстописец | Тејлор Момсен, Като Кандавала и Бен Филипс | ||||
Формат | музички доунлоуд | ||||
Жанр | Алтернативен рок | ||||
Должина | 2:47 | ||||
Издавачка куќа | Interscope | ||||
Продуцент | Като Кандавала | ||||
Хронологија на синглови на The Pretty Reckless | |||||
|
„Just Tonight“ e третиот сингл од првиот студиски албум, Light Me Up на американската алтернативна рок група The Pretty Reckless. Песната е напишана од Тејлор Момсен, Като Кандавала и Бен Филипс. Спотот за песната е режиран од Меиерт Авис.[1]
Датумот на издавањето на синглот бил оригинално изјавен на 9 ноември 2010, но потоа издавањето било на 13 декември.[2] Датумот на издавање потоа повторно бил одложен за на 27 декември да биде издаден како сингл за дигитално спуштање.
„Just Tonight“ подоцна станал првиот сингл од албумот кој бил издаден во САД откако издавањето на албумот било одложено до февруари 2011.
Видеото за песната е режирано од Меиерт Авис, продуцирано од Џереми Алтер, а снимено од Чарлс Паперт.[3]. Авис, Алтер и Паперт работеле и за претходните музички видеа на бендот, , „Make Me Wanna Die“ и „Miss Nothing“. Видеото е синимано ви локација на Киндсбриџ Армори во Бронкс, Њујорк Сити. Видеото е издадено на VEVO на 2 ноември 2010. Музичкото видео било овозможено на Слободно Музичко Видео на Неделата во февруари на iTunes.
Роберт Копси на Digital Spy ја оценил песната со четири од пет ѕвезички, велејќи "Песната за заглавување во заморна врска можеби не е ништо ново, но кога е придружена со поп/рок мелодија, гитари и глас како на пушач, резултатот е многу подобар."[4]. Фрезер МекАлпин на блокот на BBC Radio 1 и дал четири ѕвездички како „тешка и тажна песна“[5] што „се свири од срце на срце - и е дури подобра од тоа“ [5] Ребека Николсон од весникот The Guardian била критична, опишувајќи ја песната „Just Tonight“ дека звучи „како бендот Evanescence да прави емоционална песна за филмот Вовед во анатомија“[6].
Во Обединетото Кралство, бендот ја изведувал песната на емисијата Live from Studio Five[7]. и во BBC Radio 1, на Live Lounge.[8] Во Америка, тие ја изведувале песната на емисијата Lopez Tonight[9].
ОК дигитален EP[10]
Табела (2010) | Највисока позиција |
---|---|
ОК Рок (Официјална Компанија на Табелите)[11] | 9 |
ОК Синглови (Официјална Компанија на Табелите)[12] | 163 |
|