Јака Блажиќ

Јака Блажич
Блажич во дресот на Црвена звезда
Блажич во дресот на Црвена звезда
ПозицијаБек
Висина1,96 м
Тежина96 кг
КлубСрбија Црвена ѕвезда
Број11
Роден30 јуни 1990
Јесенице, Словенија
Националност Словенија
Проф. кариера2007–
Клубови
Словенија Триглав Крањ
Словенија Геоплин Слован
Словенија Унион Олимпија
Србија Црвена ѕвезда
Репрезентација

Јака Блажич (р. 30 јули 1990 во Јесенице) — словенечки кошаркар. Тој игра на позицијата бек и моментално настапува за српска Црвена ѕвезда.

Професионалната кариера ја започнал на 17 години во Триглав од Крањ каде што поминал две сезони. Во 2009 година, Блажич преминал во екипата на Геоплин Слован во која исто така се задржал две години. Во сезоната 2011/12 тој потпишал за словенскиот шампион, Унион Олимпија и дебитирал во Јадранската лига во која по просек отстварувал 9 бода по натпревар, а исто така го стекнал и првото евролигашко искуство. Во дресот на Унион Олимпија, Блажич на двапати успеал да го освои кошаркарскиот куп на Словенија. Од 2011, Блажич три сезони по ред бил дел од Ол-стар тимот на словенското првенство, а во 2013 бил прогласен за најкорисен играч во првенството. На 18 јуни 2013 година, Блажич потпишал тригодишен договор со Црвена ѕвезда.[1]

Тој исто така бил дел и од репрезентацијата на Словенија на Евробаскетот 2013 кој се одржал во Словенија, на кој словенската репрезентација го освоила петтото место.

  1. „CRVENA ZVEZDA adds Blazic“. euroleague.net. Посетено на 18 јуни 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]