Јо Стремгрен (норвешки: Jo Strømgren; р. 26 ноември 1970, Трондхејм, Норвешка) е норвешки коеограф, театарски режисер и драматург.
Стремгрен е роден во 1970 година, во Трондхејм. Поради работните обврски на родителите, покрај во родната земја, еден дел од детството го поминал и во тропските краишта. По завршувањето на гимназијата, тој се запишал на "Националната балетска школа" во Осло, но никогаш не дипломирал, поради неприфаќањето на академските методи на подучувањето, како и претераното отсуство од наставата.[1]
Својата уметничка кариера, Стремгрен ја започнал како танчер, а подоцна запловил и во водите на кореографијата и режијата. Исто така, тој изградил и солидна кариера како драматург, а успеал да развие и посебен стил во сценографијата и светлосниот дизајн. Најпосле, неговата мултидисциплинарна ориентација се потврдува и преку неговата филмска работа, и тоа пред и зад камерата. Во 1998 година, тој ја основал театарската група "Jo Strømгрен Kompani", со која развил препознатлив личен стил, кој претставува комбинација на театар, танц, кукли, филмски проекции и жива музика, сето тоа спакувано во неразбирлива јазична рамка. На 22 септември 2012 година, неговата театарска група гостувала во Скопје, како учесник на фестивалот "Млад отворен тетар", каде се претставила со претставата "Граница" (Grensen).[1]
|