Јован Кратохвил

Јован Кратохвил (1924 - 1998)

Јован Кратохвил (Белград, 17 април 1924 - Белград, 22 февруари 1998) бил српски вајар, професор на Факултетот за ликовни уметности и се занимавал со пливање и стрелаштво.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден е на 17 април 1924 година во Белград. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград и завршил специјален курс по скулптура, а дипломирал во 1949 година.[1] Потоа бил професор на Факултетот за ликовни уметности и ректор на Универзитетот за уметности во Белград (1971-1973 г.).[2]

Автор е на многу скулптури и споменици, меѓу кои и споменикот на паднатите војници на Мајевица и Земун.[3] Тој направил споменик на советските воени ветерани загинати во авионска несреќа на Авала, спомен костурница во Сансеполкро, Италија и многу други, а се знаимавал со графика и таписерија.

Покрај уметноста, Кратохвил активно се занимавал и со спорт, па пред Втората светска војна бил шампион на Југославија во пливање. По војната бил државен шампион во стрелаштво, го освоил второто место на Светските првенства и учествувал на Олимписките игри во 1952 година во Хелсинки. На Олимписките игри го освоил 14-тото место во пушка, трискок, 300 метри.[4]

Починал во 1998 година во Белград и бил погребан во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта .[5][6] Неговиот син Марко Кратохвил,[7] кој исто така е вајар, од 2009 година живее во САД.[8]

  1. „Designers & Creators Directory: Jovan Kratohvil“. spomenikdatabase.org. 10 август 2020. Посетено на 10 август 2020.
  2. „Умро је вајар Јован Кратохвил“. srpskilegat.rs. 22 февруари 2020. Посетено на 10 август 2020.[мртва врска]
  3. „Spomenik palim borcima u narodnoj revoluciji u Beogradu“. beogradskevesti.info. Посетено на 9 август 2020.
  4. „Shooting at the 1952 Helsinki Summer Games: Men's Free Rifle, Three Positions, 300 metres“. sports-reference.com. Архивирано од изворникот на 18 април 2020. Посетено на 4 февруари 2015.
  5. „Jovan Kratohvil (1924 - 1998)“. arte.rs. 10 август 2020. Посетено на 10 август 2020.
  6. „Badža i Buha tri groba od Andrića“. arhiva.glas-javnosti.rs. 15 јуни 2002. Архивирано од изворникот на 2022-04-22. Посетено на 10 август 2020.
  7. „Dela Marka Kratohvila u galeriji Haos: Kako osvojiti slobodu“. Večernje novosti. 27 мај 2019. Посетено на 10 август 2020.
  8. „Marko Kratohvil za Danas: Svaka moja linija ima energiju pokreta“. Данас. 8 јули 2019. Посетено на 10 август 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]