Јосиф Јован Багери (албански: Josif Jovan Bageri; с. Нистрово, Горна Река, Гостиварско, 1870 – Приштина, 1916) бил католички свештеник, еден од најистакнатите албански културни дејци од почетокот на XX век.[1] Го уредувал списанието „Shqypja e shqypnis“ во Софија, Бугарија. Во почетокот на 20 век активно учествувал во просветувањето на албанското население во реканскиот регион и пошироко. Како културен и просветителски деец, дејствувал во Софија, Дебар, Скопје, Драч и во Приштина, каде се упокоил во 1916 година.[2] Во негова чест, една дебарска улица го носи неговото име[3], а додека според проектот Скопје 2014 на мостот „Око“ треба да се изгради негов споменик.[4]