Љубивоје Ршумовиќ | ||
![]() | ||
Роден | 3 јули 1939 Љубиш | |
---|---|---|
Националност | Србин | |
Познат | поет |
Љубивоје Ршумовиќ (Љубиш, 3 јули 1939) е српски поет. Познат е по својата поезија за деца.
Роден е 1939 година во Љубиш на Златибор во семејството на Милесе и Михаила Ршумовиќ. Подалечни предци му се Окиљевиќи од Гацко.[1] Се школувал во Љубиш, Чајетина, Ужице и Белград. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград, на Одсекот за компаративна книжевност.
Во Београд го запознал Душко Радовиќ, под чие влијание почнал да пишува песни за деца. Работел на Радио Белград Радио Београд, потоа на Радио-телевизија Србија, каде бил автор на емисијите за деца „Хиљаду зашто“, „Хајде да растемо“ и „Фазони и форе“. Управниот одбор на Здружението на книжевници на Србија 30 март 2012 го предложило за дописен член на Српската академија на науките и уметностите.[2]. Данес живее во Белград. Бил е директор на театарот „Бошко Буха“, а сега е претседател на Културно-просветната заедница Србије.[3]
Претседател е на советот на Меѓународниот фестивал на театри за деца кој се одржува во Суботица.[4]
Од 38 години работен стаж 18 ги поминал во Радио-телевизија Белград, потоа 4 години во издавачкта куќа „Книжевен весник” (српски „Књижевне новине”) и 16 години во театарот „Бошко Буха”.[5]
Добитник е на голем број на книжевни награди и признанија:
Добитник е и на меѓународната награда за животно дело "Мали принц" (2006), која Меѓународниот фестивал на театри за деца во Суботица ја доделува за исклучителен придонес во развојот на културата и сценската уметност за деца.[7]
Најпознати книги му се: