Џозеф Брама | |
---|---|
Роден(а) | 13 април 1748 Вентворт, Јоркшир |
Починал(а) | 9 декември 1814 Пимлико | (возр. 66)
Националност | Англичанец |
Познат по | конструирањето на првата хидраулична машина за пумпање на пиво |
Џозеф Брама (англиски: Joseph Bramah; 13 април 1748 - 9 декември 1814) бил англиски бравар и пронаоѓач.
По потекло од земјоделско семејство во Јоркшир, Брама во детството ја повредил ногата. Бидејќи не можел да работи на имотот, тој станал столарски чирак. Во 1778 година го патентирал усовршениот тоалет на вода, со вентил со шарки под тоалетната шолја, што се употребувал повеќе децении. Се оженил за Мери Лотон во 1783 година, а потоа патентирал многу сигурна брава, чии унапредени верзии и денес ги има на пазарот. Се преселил во Лондон и ја конструирал првата хидраулична машина за пумпање пиво од подрумот на гостилницата (применувајќи го Паскаловиот закон), а потоа и печатарската машина на хидрауличен погон.
Оваа статија за личност од Англија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|