Александар Белиќ | |
---|---|
![]() | |
Роден/а | 15 август 1876 Белград, Србија |
Починат/а | 26 февруари 1960 Белград, НР Србија, Југославија | (возр. 83)
Занимање | писател и лингвист |
Јазик | српски |
Александар Белиќ (српски: Александар Белић, Белград, 2 август 1876 - Белград, 26 февруари 1960) бил македонист, филолог, професор и ректор на Универзитетот во Белград, претседател на САНУ и член на повеќе српски и странски организации. Неговата дејност во македонската историја и Македонистика е констраверзна бидејќи бил застапник на великосрпските идеи и тврдел дека македонските дијалекти се српски.[1] Сепак, тој дал одреден придонес при елаборирање на некои македонски говори.
Основно училиште завршил во Белград. Студиите по филологија ги започнал во Белград и ги продолжил во Москва и Одеса. По завршувањето на студиите го повикале да остане на катедрата по лингвистика и филологија на Универзитетот во Москва, но тој се вратил во Србија каде во 1899 година е поставен за доцент на Високата школа. Потоа една година поминал во Германија на усовршување каде и ја одбранил докторската десертација. Десертацијата е објавена на германски јазик во два дела. Подоцна станал редовен професор на Универзитетот во Белград.
Академски функции | ||
---|---|---|
Претходник Богдан Гавриловиќ |
Претседател на Српската академија на науките и уметностите 1937–1960 |
Наследник Илија Ѓуричиќ |
Претходник Владимир К. Петковиќ |
Ректор на Универзитетот во Белград 1933–1934 |
Наследник Владимир Ќоровиќ |
|