Алекси де Сен-Приест Alexis de Saint-Priest | |
---|---|
![]() Алекси Гињар де Сен Приест како академик | |
Роден/а | 20 април 1805 Санкт Петербург, Русија |
Починат/а | 27 септември 1851 Москва, Русија | (возр. 46)
Занимање | писател, историчар и дипломат |
Националност | француска |
Период | XIX век |
Алекси Гињар, гроф де Сен-Приест (француски: Alexis Guignard de Saint-Priest), (Санкт Петербург, 20 април 1805 - Москва, 27 септември 1851) - француски историчар, книжевник и дипломат[1], син на Арман Емануел Шарл Гињар, гроф од Сен-Приест и внук на Франсоа-Емануел Гињар, гроф од Сен-Приест (1735-1821), дипломат, последен министер од кралската куќа на Луј XVI и прв министер за внатрешни работи на Франција[2](1788-1791).
Сен-Приест бил во комората на Шарл X, потоа бил на служба во Парма, дипломат во Бразил, во Лисабон и Копенхаген. Во Домот на перовите на Франција ги наследил својот татко и дедо. За член на Француската академија бил избран ан 18 јануари 1849 година.
|