![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Туна | |
---|---|
![]() Туна на концерт на плоштадот во Куманово, ноември 2023 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Алтуна Сејдиу |
Познат(а) и како | Туна |
Роден(а) | 14 јули 1985 Скопје, Македонија |
Жанрови | Поп, R&B, Хип-хоп |
Занимања | Пејач, текстописец |
Период на активност | 2000–сега |
Алтуна Сејдиу (родена на 14 јули 1985 во Скопје), позната како Tуна, е македонска пејачка и текстописец од албанска националност.[1] Има издадено три албуми и многу песни. Нејзината дискографија вклучува песни на македонски, албански и англиски јазик.
Tуна е ќерка на Шабан Сејдиу, поранешен албански олимписки борач, кој го освои бронзениот медал на две Олимпијади (1980 и 1984) за Југославија. Tуна започна со пеење уште како мала, и има настапувано на неколку фестивали. Нејзината професионална кариера започна во 2002 година на М2 потрага по ѕвезда.[2] Таа беше една од победниците на аудицијата, каде настапи со песната Најди ден, најди ноќ, најди време.[3]
Туна подоцна започна да ја гради својата кариера во Албанија и Косово каде пее на албански јазик. Во 2003 го издаде својот деби-албум наречен Тuna, а после него вториот албум S'ka me diktaturë (Стоп за диктатурата), во 2005.[1] Во јуни 2012, ја издаде песната I Asaj (Нејзин) која имаше огромна популарност на Јутјуб.[4] Во 2012, Tуна се вклучи во X Factor Albania како судија.[5] Таа, исто така, ги користеше друштвените мрежи за нејзините настапи[6] прашувајќи ги нејзините обожаватели за X Factor.[7]