Андон Димитров | ||
Роден | јануари 1867 Ајватово, Солунски Ејалет, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 13 март 1933 Софија, Царство Бугарија | (возр. 66)
Андон (Антон) Димитров Филахтечев — македонски револуционер и еден од основачите на Македонската револуционерна организација.
Андон Димитров е роден во селото Ајватово, тогаш во Османлиското Царство. Во 1889 година завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, потоа студирал право на Вишото училиште во Цариград и на Универзитетот во Лиеж (Белгија).
Се вратил во Солун и се вработил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ како учител по бугарски јазик, а таму предавал во периодт меѓу 1892 - 1897 година, а од 1894 година предавал и во турската гимназија во градот. Автор е на учебници по турски јазик и по географија.
На 23 октомври 1893 година заедно со докторот Христо Татарчев, Даме Груев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов и Христо Батанџиев ја основа Македонската револуционерна организација
Димитров е член на Централниот комитет од самото нејзино создавање, а во 1896 година е реизбран на Солунскиот конгрес, а оваа должност ја извршувал сè до втората половина на 1897 година, по што заминал за Битола.
Во периодот меѓу (1897–1899) година бил учител во Битолската егзархиска гимназија. Додека работел како учител во Битола наставниот кадар бил поларизиран на две групи: Егзархисти и симпатизери на ТМОРО, Димитров бил раководител на втората група, а активна улога имал и во училишниот бунт од 26 мај 1899 во Битолската гимназија. Повод за бунтот било барањето на професорот по Историја, Цонев:
„ | црковните книги да се преведат од црковнословенски на месниот дијалект [1] | “ |
Дополнително Цонев побарал македонскиот народен говор да биде воведен во училиштата и црквите на местото на бугарскиот литературен јазик [2]. На ваквиот настап реагирал митрополитот Григориј и следниот Иван Цоков останал без служба.
Оваа случка била повод на 26 мај 1899 година да дојде до бунт во кој предводничка улога имале Андон Димитров и учениците Милан Матов (братот на Христо Матов и Нестор Поповски.
Бунтот довел до целосна блокада на гимазијата и пансионот. Затоа митрополитот Григориј побарал вилаетската полиција да интервенира но до тоа не дошло.
Меѓутоа бидејќи и учителите биле замешани Егзархијата го суспендирала целиот учителски кадар во Битолската гиманзија, а со посебно циркуларно писмо под број 2784 од 24 август (стар стил 1899 година исклучила 18 ученици засекогаш од сите егзархиски училишта.
Во ноември 1903 година станал директор на егзархиските училишта во Прилеп. а во 1904 година бил избран за член-судија на битолскиот апелационен суд. Како таков го заштитувал месното бугарско население (Македонци-егзархисти) [белешка 1] , а неговите колеги Грци и Турци за него истакнале:
„ | справедлив судија, но фанатичен Бугарин [белешка 1] [белешка 2] | “ |
Со влегувањето на младите македонски револуционерни сили во Македонската револуционерна организација, Андон Димитров се нашол во втор план но по Младотурската револуција повторно се нашол во виорот на настаните.
Во 1908 година Антон Димитров бил посредник меѓу младотурците и битолскиот четнички раководител на Македонската револуционерна организација, Милан Матов, а со помошта на Димитров се постигнал договор за соработка меѓу двете страни за претстојната револуција.
По Младотурската револуција учествувал во создавањето на Сојуз на бугарските уставни клубови и на основачкиот конгрес бил избран за претседател.
Димитров влегол во младотурската комисија со докторот Ангел Робев и со двајца Срби, Грци, Турци, Власи и Албанци, оваа комисија имала за цел да ги неутрализира недоразбирањата меѓу народностите во Османлиското Царство.
Подоцна бил предложен за сенатор, но поради антикапањата на Панче Дорев не бил избран. Во 1909 година бил назначен за судија во Константинопол.
По завршувањето на Првата балканска војна се вратил во Македонија, но новите српски и грчки власти го проследувал и тајно заминал за Бугарија.
Таму ја помагал дејноста на Сојузот на македонските културно-прсоветни благотворителни братства и како нејзин претставник учествувал во тајните преговори меѓу Бугарија и Османлиското Царство, со цел Македонија да добие автономија.
Меѓу 1915-1918 година работел во бугарското министерство за правосудство, а потоа во Министарството за надворешни работи. Во 1920 година бил избран за претседател на Извршниот комитет на македонските братства во Бугарија, а по расцепот станал член на новоформираниот Федеративен македонски комитет, но по големите делби во македонското ослободително движење се повлекол од активно учество во него.
Во 1922 година предавал турски во Бугарското трговско училиште во Цариград.
Андон Димитров, страдајќи од тешка болест, се самоубива на 13 март 1933 година во Софија[3][4][5][6][7].
Во македонската историографија неговото дело било долго пребегнувано, а и денес книжевноста за неговиот живот е ретка. Меѓутоа македонските историчари почнуваат да ја истакнуваат неговата историска улога за македонскиот народ, а денес е сметан за еден од првите втемелувачи на македонската државност, односно идејата за создавање на самостојна македонска држава.
|