Андрејаш бил втор син на кралот Волкашин, брат на кралот Марко и млад крал. По смртта на татка си во 1371 година, кога брат му Марко ја презел кралската титула, Андрејаш станал млад крал.[1][2]
Ја управувал областа југозападно од Скопје, по долината на реката Треска, во Порече и Кичевско. Водел одвоени финансии од неговиот брат Марко, ковал сопствени монети и издавал повелби. Во 1388/1389 година го подигнал манастирот „Свети Андреја“ на реката Треска, во близина на Скопје и го дарувал со богати имоти. Пред турската опасност, летото 1394 година, заедно со неговиот брат Димитар, ја напуштил Македонија и преку Дубровник, заминал во Унгарија во служба на унгарскиот крал Сигизмунд во 1393/4 година.[2] Починал пред 1399 година.[1]
|first=
му недостасува |last=
(help)