Анри Бордо | |
---|---|
![]() Анри Бордо во 1919 | |
Роден/а | 25 јануари 1870 Тонон Ле Бен, Франција |
Починат/а | 29 март 1963 Париз, Франција |
Занимање | писател, правник |
Националност | французин |
Анри Бордо (25 јануари 1870 – 29 март 1963) — француски писател и правник. Потекнува од семејство правници од Савоја, а роден е 1870 во Тонон Ле Бен. Како млад често патувал на релација Савоја–Париз и разликите помеѓу градскиот и провинцискиот живот значително влијаеле врз неговото творештво. Во професионалниот живот го набљудувал распадот на повеќе семејства и ги анализирал причините и последиците од тоа. Кога наполнил 17 години започнал со правни студии во Париз, а по три години се вратил на пракса во Савоја. Во Париз дошол за да ја објави својата прва книга во 1894, а по смртта на татко си во 1896 се вратил во Савоја.
Творештвото на Бордо ги прикажува вредностите на традиционалните католички заедници во провинцијална Франција. Честа тема е лојалноста кон семејството, земјата, Господ, итн. Оваа тема е забележлива во романите La Peur de vivre и Les Roquevillard. Бордо бил избран за член на француската академија на 22 мај 1919. Бил член на елитната група писатели познати како „бесмртните“ кои се залагале за воспоставување и одржување на граматичките правила во француската книжевност, како и за внесување на нови зборови во речникот. Бил еден од авторите на Le Visage de l'Italie, книга издадена 1929 за Италија според визијата на Бенито Мусолини.[1] Бордо починал 1963 во Париз.