На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Балдоенци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]
Селото е наполно раселено по 1961 година, кога броело 170 жители, Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Балдовенци немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Балдовенци е потполно раселено село денес, но во минатото во него живееле Македонци христијани. Сите родови во селото биле доселенички.[13]
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:
Доселеници:Рамнешковци (10 к.), први селски доселеници, старината непозната; Ордевци (5 к.), доселени се после гореспоменатиот род и тие се со непозната старина; Маријовци (2 к.) и Ричковци (1 к.), доселени се од некое село во областа Мариово; Џивкаровци (1 к.) доселени со непозната старина; Кушовци (1 к.) доселени однекаде; Лазаровци (1 к.) основачот на родот бил домазет, дошол од селото Скочивир околу 1918 година; Митревци (1 к.) доселени се од соседното село Тепавци, после 1918 година, таму припаѓале на родот Бојковци, подалечно потекло од некое село во околината на Корча.
Од Балдовенци иселеници има во селото Гнеотино (Јанкуловци, Ванѓел и Лазарови). Од родот Рамнешовци иселеници има во Новаци. Од Кушовци иселеници имало во Битола, каде изумреле.[13]
Иселеништвото било помасовно после 1953 година, денес селото е целосно раселено.