Битката кај Марџ Рахит се одвила во јули 634 година помеѓу силите на Гасанидите поддржани од Византија и Праведниот Калифат на територијата на денешна Сирија. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Сирија, а завршила со победа на Праведниот Калифат.
На чело на муслиманската армија бил Халид ибн ал-Валид со сила од околу 9,000 војници, додека христијанскиот сојуз имал над 15,000 војници. Според изворите, муслиманскиот напад над градот започнал на некој голем верски празник на Гасанидите.