Ватрени пољубац | |
---|---|
![]() Ватрени пољубац настап на фестивал на пивоБелград во 2022 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Сараево, СР Босна и Херцеговина, СФР Југославија (1977–1986) Белград, [Србија]] (1998–сега) |
Членови | |
Милиќ Вукашиновиќ Срѓан Ѓукиќ Владимир Ќопиќ | |
Поранешни членови | |
Шефќет Хоџа Перица Стојановиќ Санин Кариќ Неџиб Јелач Велибор Рајчиќ Младен Војичиќ Марко Николиќ Душан Обрадовиќ Милош Николиќ |
Ватрени пољубац е босанско-херцеговски и југословенски хард рок / хеви метал бенд, формиран во 1977 година. Групата е основана од композиторот, текстописец, пејач и гитарист Милиќ Вукашиновиќ. Бендот се смета за регионален пионер на хеви метал жанрот и еден од најважните рок бендови на сараевската и поранешната југословенска поп-рок сцена. За речиси четириесет години постоење, бендот имал издадено 9 студиски албуми, а од последното обединување во 2011 година е издаден албумот Кога свири рокенрол (српски: Кад свира рокенрол), два сингла и неколку компилации на албуми.
Бендот Ватрени пољубац, во 1977 година, Милиќ Вукашиновиќ, поранешен член на Кодекси, Индекси и Бијело дугме, го основал во Сараево. Другите двајца членови на оригиналната постава биле Шефќет Хоџа, басист поранешен член на Дивље јагоде и Перица Стојановиќ, тапанар поранешен член на Индекси. Нивниот прв сингл бил издаден од издавачката куќа Југотон во 1978 година со песните „Доктор за рокенрол“ и „Твоите усни ми беа омилен подарок“. Првиот сингл веднаш бил пофален од критичарите. Првиот албум наречен кој бил наречен „Ох, колку те сакам ох“ бил снимен во 1978 година. во Лондон и Сараево за сараевскиот диск, а продуцент бил Ричард Вали. Албумот имал голем број на песни инспирирани од пионерскиот звук што во тоа време, доаѓал од Англија отелотворени од Лед зепелин и Блек сабат.
Ватрени пољубац во својот оригинален состав го снимил и својот последен студиски албум „100% рокенрол“ во 1986 година со поранешниот член на Бијело Дугме Младен Војичиќ Тифа, еден од најпопуларните пејачи во Југославија во тоа време. Сите песни во албумот се напишани и компонирани од Милиќ Вукашиновиќ. Албумот добил одлични критики и останал многу популарен низ целата земја, по што Вукашиновиќ го распуштил бендот и се посветил на својата соло кариера како фолк-рок пејач.