Габалавци — село во северниот дел на Општина Битола (до 2004 беше во составот Општина Кукуречани). Од градот Битола е оддалечено 19 километри, а од спомнатиот пат 3,3 километри. Селото се наоѓа лево од патот Битола - Демир Хисар, а на десната страна на реката Шемница. Се работи за ридско село кое се наоѓа на надморска височина од 660 метри. Атарот на селото е мал — само 5,7 км2.
Населението се занимава најмногу со полјоделство (одгледување жито и познатата кукуречанска пиперка). Обработливото земјиште зафаќа 349,3 хектари, пасиштата зафаќаат 291,3 хектари, додека само 8,7 хектари се шуми.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Габаловци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]
Габалавци е мало село и во 1961 година бројот на жители изнесувал 286. Во 1994 година бројот се намалил на 146, сите Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Габалавци живеат 114 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 69 жители, од кои 60 Македонци и 9 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Габаловци е македонско православно село, во селото има еден староседелски род, а сите останати родови во селото се доселенички.
Родови во Габаловци се:
Староседелци:Тодоровци (4 к.)
Доселеници:Бечвиновци (6 к.) доселени се однекаде; Шаљевци (2 к.) стари доселеници, не знаат од каде се доселени; Амаловци (5 к.) доселени се од Карамани или Трн; Коминовци (4 к.) доселени се од соседното село Секирани; Јанчевци (1 к.) доселени се од селото Стрежево; Марковци (1 к.) доселени се од Кукуречани; Пузевци (3 к.) доселени се од раселеното село Црн Врв; Могилчани (2 к.) потекнуваат од мајка која ги донела своите деца после премажувањето, она влегла во родот Марковци; Бошковци (3 к.) доселени се 1907 година од раселеното село Кочишта; Мицковци (2 к.) доселени се од селото Граиште во Железник; Марковци (2 к.) доселени се после 1912 година од селото Облаково, каде биле староседелци.[12]
Во селото постои избирачкото место бр. 202 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Облаково.[13]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 64 стр.