Гаспар Диге (француски: Gaspard Dughet) (Рим, 15 јуни 1615 – Рим, 27 мај 1675), исто така познат како Гаспар Пусен — француски сликар.
Диге е роден во Рим, син на француски слаткар [1] и неговата италијанска сопруга.[2] Тој секогаш бил сметан за француски сликар, иако всушност, тој никогаш не ја посетил Франција. Околу 1635 година тој станал ученик на Никола Пусен, кој се оженил со неговата сестра Ана пет години порано. Заради таа врска тој бил широко познат како „Гаспар Пусен“.
Тој бил специјализиран во пејзажи на Римската Кампањa, заедно со неговиот современик Салватор Роза, еден од двајцата водечки сликари на пејзажи на своето време. Насликал неколку циклуси на фрески кои прикажувале различни места околу Рим, во Колона Палата. Работел со Пјер Франческо Мола, Коза и Матија Прети во Валмонтоне. Тој често соработувал со Гијом Куртоа кој ги сликал се насликани на стафаж во неговите пејзажи. Ова било случај, на пример, во делата за Палазо Памфилиј.[3] Постои уште еден циклус од Диге, иако во лоша состојба, во Сан Мартино пи Монти.[4]
Диге починал во Рим на 27 мај 1675 година.
Во текот на 18 век сликите на Диге станале особено популарни меѓу британските колекционери, до таа мера што неговото име станало прилог на речиси секоја класична сцена, и неговиот стил се покажал како влијателен на британските пејзажи. Неговата Жртва на Авраам,претходно бил во имотот на Колона, а сега заедно со други негови дела, е во Националната галерија, Лондон.[4]