Георг Прајдлер

Георг Прајдлер
Прајдлер по освојувањето на Тоскана-Тера ди Чиклисмо 2011
Лични податоци
Цело имеГеорг Прајдлер
Роден17 јуни 1990(1990-06-17)(34 г.)
Грац,  Австрија
Висина1,89 м
Маса69 кг
Податоци за клубот
Мом. клубсуспендиран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2010
2011
2012
2013–2017
2018-2019
РК Арбе-Гурметфајн-Велс
Тирол Тим
Тим Тајп 1-Санофи
Аргос-Шимано
Групама-ФДЖ
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Национален хронометарски првак (2015, 2017, 2018)
Последна промена
1 ноември 2022

Георг Прајдлер (германски: Georg Preidler; р. 17 јуни 1990 во Грац) — австриски професионален друмски велосипедист, кој моментално е суспендиран од спортот откако бил вмешан во допинг-скандалот „Операцијата Адерлас“.[1]

Како јуниор го освоил државното првенство, а својата професионална кариера ја започнал во 2010 во австриската екипа РК Арбе-Гурметфајн-Велс. Возел за екипата Џајант-Алпецин на Тур де Франс 2015,[2] завршувајќи на 87. место.[3]

Во февруари 2019 година, весникот „Кронен Цајтунг“ објавил дека бројни професионални велосипедисти биле вклучени во допинг-скандалот откриен на Светското нордиско првенство 2019. Прајдлер признал дека вадел крв за можна трансфузија. На 3 март, Прајдлер признал за допингот во полиција и го прекинал неговиот договор со Групама-ФДЖ преку мејл. Прајдлер признал дека неговата крв била вадена на двапати во 2018 година. Екипата, потоа, го контактирала Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI), француската анти-допинг агенција (француски: Agence française de lutte contre le dopage) и Движењето за кредибилен велосипедизам (MPCC; англиски: Movement for Credible Cycling).[4][5] Прајдлер добил четиригодишна забрана на 27 јуни 2019 година.[6]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2011
1. Гран Премио Палио дел Речото
1. Тоскана-Тера ди Чиклисмо
7. Краен пласман Тур де л’Авенир
2012
1. Планински пласман Тур ду Хаут Вар
1. Планински пласман Трка околу Австрија
3. ГП Кантон Аргау
7. Ле Букл ду Суд Ардеш
8. Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија
9. Флеш д’Емерод
2013
1. Планински пласман Етоал де Бесеж
3. Трка околу Келн
2015
1. Национално хронометарско првенство
2017
1. Национално хронометарско првенство
1. Планински пласман Вуелта а Андалусија
2018
Национални првенства
1. Хронометар
3. Друмска трка
6. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 6
7. Гран при Рајфајзен
10. Краен пласман Рут д’Окситан

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Џиро 27 26 71 29
Тур 87 56
Вуелта 36 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. Ballinger, Alex (16 January 2020). „Georg Preidler says he became involved in blood doping 'out of pure curiosity'. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 24 May 2020.
  2. „Почетна список на Тур де Франс 2015“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 2 јули 2015.
  3. „Overall individual time classification“. www.letour.com. 26 јули 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-09. Посетено на 27 јули 2015.
  4. „Preidler admits to blood extraction as doping investigation widens“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 4 март 2019. Посетено на 5 март 2019.
  5. „Madiot expresses 'surprise' and 'enormous disappointment' at Preidler doping confession“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 4 март 2019. Посетено на 5 март 2019.
  6. „Denifl and Preidler handed four-year bans after blood doping confessions“. cyclingnews.com. 27 јуни 2019. Посетено на 26 август 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]