Дејан Мајсторовиќ (Стари Бановци, 22 април 1988 година) - српски професионален кошаркар кој во моментов е рангиран на второто место во рангирањето на играчи во категоријата на "3X3 баскет " од страна на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).[1] Тој игра баскет за клубот Ал-Вахда и за репрезентацијата на Србија во баскет од 3 на 3 [2].
Мајсторовиќ почнал да игра на светската турнеја ФИБА во баскет 3 на 3 во јуни 2013 година.[3] Тој игра за тимот од Обединетите Арапски Емирати Нови Сад Ал-Вахда.
Мајсторовиќ ја претставува српската репрезентација во кошарка 3 на 3. Тој има освоено две златни медали на Светското првенство во ФИБА, 2016 во Кина [4] и 2017 во Франција [5] и сребрен медал на турнирот во Русија во 2014 година. Тој бил прогласен за најдобар играч на светското првенство во баскет 2017 година и бил избран во најдобриот тим на првенството.[6]
Мајсторовиќ играл кошарка за тимот на Дунав во Кошаркарската лига на Србија Б (второ рангирање) во сезоната 2015/16.