Дихово | |
Координати 41°3′3″N 21°15′50″E / 41.05083°N 21.26389°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Пелагонија |
Население | 213 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7205 |
Шифра на КО | 02036, 02536 |
Надм. вис. | 779 м |
![]() |
Дихово (Диово) — село во Општина Битола, под пазувите на Баба Планина, во околината на градот Битола.
Дихово се наоѓа под падините на планината Баба, по патот за село Нижеполе. Распослано е од десната страна на реката Драгор, во самото подножје на масивот. Селото се издига 50 метри над Битола и дава величествен поглед на градот, Пелагонија и на врвот Пелистер. Дихово припаѓа под Општина Битола, брои околу 310 жители од кои сите се од македонска националност по вероисповед православни христијани, сместени во 107 домаќинства и 284 станови, претежно градби од понов период.
Од ХVІ доо ХVІІІ век кај Дихово работел манастир, за кој се смета дека е срушен некаде по 1785 г.[2]
Во 1883 г. во Дихово се развило машинското производство на текстил и шајак за потребите на отоманската војска. Со намера да се задоволи зголемената побарувачка, трговци и индустријалци, на чело со битолскиот Влав Бого Анести вложиле капитал и од Самоков довеле плетечки машини, со кои се произведувало до 50 тони гајтан годишно, од кои дел се извезувале во Србија. Според Јован Хаџивасилевиќ, кој го посетил селото во 1897 г., во Дихово имало четири фабрики — три на вода и една на парен погон. Парната фабрика била во сретселото. Во фабриките се произведувало шајак, ќилими и гајтан, и имале 250-300 вработени, вклучувајќи жени и деца. Повеќето биле Власи, кои биле од други места. Самите диховчани се занимавале со земјоделство и печалбарство.[3][4]
Во ХІХ и на почетокот на XX век Дихово било село во Битолската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. Диово или Дихово имало 460 жители, од кои 200 Македонци христијани[5] и 260 Арнаути муслимани.[6]
Во овој период селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дихово имало 560 Македонци под врховенството на патријаршијата и во селото работело грчко училиште[5].[7].
Според кажувањата на жителите, селото имало две маала — Горно, каде населението било под патријаршијата и ја посетувало црквата „Св. Димитриј“ и Долно, чие население било под егзархијата, и ја посетувало црквата „Св. Недела“.
Во Првата светска војна низ селото поминувала француска линија на фронтот.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[8]
Денес во Дихово работи хотел и две кафеани — „Кооперација“ и „Кај оревот“, како и отворен базен и ресторан во текот на летниот период. Има сместувачки капацитети за селски туризам, меѓу кои е и „Вила Дихово“.
Дихово уште е познато и по големата живинарска фарма „Црвени петли“ која се наоѓа на влезот од селото.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дихово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[9]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[10]
Дихово е село на падините на Баба Планина, близу до Битола, коешто има 686 жители во 1961 година, додека во 1994 година се намалило населението на 356 жители.
Според пописот од 2002 година, селото Дихово брои 310 жители, од кои:[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 213 жители, од кои 192 Македонци, 1 Влав, 2 Срби, 1 останат и 17 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 460 | 560 | 634 | 686 | 686 | 701 | 644 | 417 | 356 | 310 | 213 |
Дихово е македонско православно село, сите родови потекнуваат од предци кои се доселени
Родови во Дихово се:
Во селото работи основното училиште „Д-р Трифун Пановски“ во кое работат подрачни паралелки до 5 одделение од истоименото училиште од градот Битола.
Во селото постои избирачкото место бр. 129 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 264 гласачи.[19]
Од 1965 година до денес, селото влегува во рамките на големата општина Битола.
Во периодот 1957-1965, селото било седиште на тогашната општина Дихово, во која покрај селото Дихово се наоѓале селата Братин Дол, Брусник, Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Лера, Магарево, Маловиште, Метимир, Нижеполе, Рамна, Ротино, Свиниште, Снегово, Српци, Трново и Цапари.
Во периодот 1955-1957, селото било седиште на тогашната општина Дихово, во која покрај селото Дихово се наоѓале селата Братин Дол, Брусник, Гопеш, Ѓавато, Дихово, Доленци, Кажани, Лера, Магарево, Маловиште, Метимир, Нижеполе, Рамна, Ротино, Свиниште, Снегово, Српци, Трново и Цапари.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Дихово, во која покрај селото Дихово се наоѓале селата Братин Дол, Брусник, Лавци, Магарево, Нижеполе, Снегово и Трново.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на тогашната општина Дихово, во која покрај селото Дихово се наоѓале селата Братин Дол, Магарево, Нижеполе и Трново.
Голем број на традиционални куќи, постари од 150 години. Низ селото поминува реката Драгор. Во близина на селото по течението на реката се преубавите сопови (вирови). Дихово е познато како главно прибежиште на битолчани за време на пеколните летни денови. Свежиот пелистерски воздух, убавите ливади како и базенот кој постои во селото, го прават Дихово главно место за одмор, уживање и разладување на битолчани.
Дихово, како и останатите места во околината, е познато по масовните иселувања во текот на минатиот век во Западна Европа, Австралија, САД и Канада.
Голем дел од иселениците денеска се имаат вратено во Дихово и своите заштеди ги вложуваат во месното стопанство.
Во селото во минатото живеело и албанско население. Но тие до 1951 година се иселиле во Битола и од таму во Турција (54 семејства). Албанските родови се викале Алимовци, Рустемовци, Мединовци, Јаовци, Брамчевци, Али Оџовци и др.[17]
![]() |
„Дихово“ на Ризницата ? |