Драгана Миќаловиќ

Драгана Миќаловиќ

Драгана Миќаловиќ (Лесковац, 3 март 1991 година) е српска филмска, театарска и телевизиска глумица.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Драгана Миќаловиќ е родена во Лесковац во 1991 година. Ќерка е на познатиот глумец Драган Миќаловиќ и Милица Весковиќ Миќаловиќ, која е по професија фризерка. Има две постари сестри, Мирјана и Слобода, која е исто така глумица. Како мала, пеела во хор и тогаш стекнала љубов кон пеењето. Завршила средно музичко училиште "Станислав Бинички" во Лесковац. Музички е надарена, а од  инструменти свири пијано. Како мала со татко и, одела во театар и тогаш ја засакала глумата. Со 15 години се преселила во Белград. И покрај големата желба, не успеала да се запише на Факултетот за драмски уметности, но тоа не ја спречило да ја изгради глумечката кариера. Во моментов живее и работи во Белград, каде што се запишала на Факултетот за култура и медиуми, кој го заврши во 2015 година.

Младата глумица првпат се појави во тинејџерски серија " Дојди поблиску", каде што го толкува ликот на Јелена (Јеца). Исто така, одигра во популарната ТВ серија "Непобедливо срце" работено по мотивите истоимениот роман Мир Јам. Таа го толкува ликот на Анѓа, млада гимназијалка, која е заљубена во Сташа (Љубомир Булајиќ) нејзиниот училиштен пријател и син на познатиот банкар Алекса Новаковиќ. Беше забележана во телевизиската емисија "Кој е код Кое", која се емитуваше на првата програма на Радио-телевизија Србија. Ја играше една од главните улоги во серијата "Звездара", толкувајќи го ликот на Дана, тинејџерка која е преокупирана со себе и сопствената слика во огледало. Се појавува во 2015 година во игранот филм "Марко Краљевиќ - Фантастична авантура", каде го толкува ликот на Верица. Во серијата на "Santa Maria della Salute" во режија на Здравко Шотре, ја толкува епизодната улога на кралицата Наталија Обреновиќ. Меѓутоа, најголемата популарност за млада глумица ја донела улогата во  серијата "Синѓелиќи", кој е направена по примерот на шпанската серија "Серанови" каде го игра ликот на Касија Трикуља. Исто така, младата глумица го толкува ликот на Дика во филмот "Се врати Зоне" продолжување на познатиот филм "Зона Замфирова". Голем успех и донесе улогата во серијата "Вистини и лаги" што се емитуваше на Првиот канал. Таа го игра ликот на Викторија Џокиќ, млада, заводлива жена која е принудена да работи на две работни места за да преживее. Во текот на денот, работи како професорка, а во текот на ноќта оди во клуб каде што  работи како стриптизета. Значајни улоги во претстави и се "Бродот плови за Белград", "Самци и самици", "Кој се грижи", "Кислород", "Антисамитс" како улога во мјузиклот "Шон овците". Голема премиера во март 2017 година, глумицата имаше со претставата "Кафана Балкан", каде таа ја игра главната улога заедно со Саша Јоксимовиќ. Таа го толкува ликот на Ружица, разведена женс со две деца, некогаш била голема Драганова (Саша Јоксимовиќ) љубов. Таа сè уште го сака, но има голема мака која не сака да му ја каже. Главната улога во претставата "Ти и јас двајца научници," ја имаше заедно со нејзиниот македонски колега Александар Ристоски во театарот "Пинокио" во Белград.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]