Ким Џунг-хван (корејски: 김정환, р. 23. ноември 1990 година), познат и под неговото уметничко име Еди Ким (корејски: 에디 킴), е јужнокорејски пејач, текстописец и гитарист.[1] Се стекна со слава како натпреварувач на телевизиското шоу за таленти „Суперстар К 4“ во 2012 година.[1] Го издаде својот прв EP диск под името „Прирачникот“ во 2014 година.[2]
Во 2019 година, Ким беше поврзан со скандалот за недозволено споделување на слики од девојки во групни пораки на платформата KakaoTalk. Групните пораки, во кои членуваа и други познати личности, беа создадени од Џунг Џун-јанг. Ким призна на полицијата дека споделувал слики од скриени камери кои ги симнал од интернет.[3]