Едит Ана Бел | |
---|---|
Роден(а) | 1870 Dublin, Ireland |
Починал(а) | 1929 (на 58–59 г.) Ireland |
Националност | Irish |
Познат(а) по | Sculptor |
Едит Ана Бел (1870–1929) била ирска вајарка која што специјализирала изработување медалјони и релјефни портрети.
Бел се родила во Даблин, но откако посетувала часови по уметност таму, се преселила во Англија, некаде пред 1896 година. Познато е дека предавала моделирање на Централното училиште за уметности и занаети во Лондон.[1] Потоа некое време живеела во Ридинг во Беркшир.[1] Бел изработувала бронзени фигури и статуетки, како и медалјони од бронза и сребро.[1] Помеѓу 1896 и 1912 година, таа изложила десет дела на Кралската академија во Лондон и исто така во Уметничката галерија Вокер во Ливерпул.[2][3] Националната галерија на портрети во Лондон поседува портрет од бакарен медалјон на Алфред Хармсворт, првиот виконт од Нортклиф, изработен од Бел.[4]