Електрични оргазам — југословенска и српска рок група, основана во Белград. Тие се едни од највлијателните и најзначајните рок бендови во Југославија. Бендот започнал со името „Хипнотизирано Пиле“, свирејќи панк и пост-панк, како и останатите бендови во новиот бран на рок бендови во осумдесеттите години на дваесеттиот век во Југославија, како Шарло Акробата и Идоли (со кои и подоцна снимиле заеднички албум, наречен „Пакет Аранжман“).
Во март 2015 година, по повод 35 години од основањето, водачот на „Електрични оргазам“, Гиле, најавил одржување концерт во Загреб, а потоа и снимање нов албум.[1]
|