Фен на Тур де л’Ен 2013 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Ендру Фен | ||||||||||||||
Прекар | Енди | ||||||||||||||
Роден | 1 јули 1990 Бирмингем, Англија, Обединето Кралство | ||||||||||||||
Висина | 1,86 м | ||||||||||||||
Маса | 79 кг | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедист | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | спринтер | ||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||
2007 2008 | Велвин Вилерс Ливерпул Меркури Долан Р.Т./Долан Бајкс | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2011 2012–2014 2015-2016 2017-2018 | Ан Пост-Шон Кели Омега Парма-Квик Степ Тим Скај Аква Блу Спорт | ||||||||||||||
|
Ендру Фен (англиски: Andrew Fenn; р. 1 јули 1990[1]) — поранешен британски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2011-2018 за четири различни екипи.
Фен се натпреварувал во повеќе спортови како дете, но се насочил кон велосипедизмот на 12-годишна возраст, кога се приклучил на Велвин-Вилерс.[2] Неговиот талент бил забележан од британската федерација и тој станал член на нивната олимписка развојна програма во ноември 2006 година. Во 2008 го освоил јуниорскиот Париз-Рубе, пред да се приклучи на олимписката академска програма во периодот 2009-2010.[1]
На Комонвелтските игри 2010, Фен - кој се квалификувал за Шкотска, бидејќи неговата мајка е Шкотланѓанка[3] – завршил 14 на хронометарот за мажи.
Неговата прва година како професионалец била во 2011, кога освоил две победи и бронзен медал на Светското друмско првенство во категоријата под 23 години.[4]
Во септември 2014 година било објавено дека Фен потпишал за Тим Скај, со кој ќе вози за сезоната 2015.[5]
Фен се повлекол од велосипедизмот по распаѓањето на екипата Аква Блу Спорт на крајот на сезоната 2018.
„Ендру Фен“ на Ризницата ? |