Жегљане | |
![]() Старото основно учичилиште во селото | |
Координати 42°15′44″N 21°54′38″E / 42.26222°N 21.91056°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Козјачија |
Население | 48 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1302 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17036 |
Надм. вис. | 540-680 м |
![]() |
Жегљане — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во северниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, од левата страна на реката Пчиња. Селото е раштркано и има ридски карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 540 до 680 метри.[2] Од самиот град Куманово е оддалечено 30 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 10 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 464,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 327,3 хектари, а на шумите 185,3 хектари.[2]
Села со кои се граничи Жегљане се: Степанце, Малотино и Кокино.[3]
Жегљане е село од разбиен тип. Во секое маало живеат жители од еден род, поради што маалата се наречени по имињата на родовите.[3]
За времето кога е основано денешното село нема официјални историски извори. Меѓутоа, може да се заклучи дека се работи за старо село: има неколку родови за кои не се знае од каде потекнуваат; воедно, старата селска црква „Св. Ѓорѓи“ потекнува од 1867 година.[3]
Во XIX век, Жегљане било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.
На 10 октомври 1944 година во ова село е создадена Кумановската (македонска) дивизија, во чиј состав влегоа Шеснаесеттата, Седумнаесеттата и Осумнаесеттата македонска НО бригада.[4]
Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Жегљане имало 315 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жегљане имало 386 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]
Во 1961 година селото броело 328 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 112 жители, од кои 102 Македонци и 10 Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Жегљане имало 86 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 45 Македонци и 3 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 315 | 386 | 286 | 339 | 328 | 289 | 210 | 128 | 112 | 86 | 48 |
Во Жегљане постојат стари и доселени родови:[3]
Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Жегљане, во која влегувале селата Жегљане, Карловце, Кокино, Коинце и Степанце.
Во периодот 1952-1955, селото било исто така седиште на тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Жегљане се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце, Пузајка и Степанце.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.
Личности родени во Жегљање:
Жителите на Жегљане најмногу се иселувале во периодот помеѓу двете светски војни и во периодот по Втората светска војна. Најмногу иселеници има во Куманово (околу 30 к.) и по некои низински кумановски села. Две семејства се преселиле во Шабац и Глогањ во Србија.[3]
|access-date=
бара |url=
(help)