Живово | |
![]() Поглед на куќи во Живово | |
Координати 41°12′28″N 21°48′59″E / 41.20778°N 21.81639°E | |
Регион | Мариово |
Општина | ![]() |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20038 |
Надм. вис. | 950 м |
![]() |
Живово — целосно раселено село во Општина Прилеп, во областа Мариово, југоисточно од градот Прилеп.
Селото Живово е планинско село. Се наоѓа во областа Мариово. Тоа е сместено на планината Козјак, од десната страна на Црна Река (предел познат како Старо Мариово).
Селото Живово за првпат се спомнува во пописните отомански дефтери од 1476 година.
Во XIX век, Живово било село во Мариовската нахија во Прилепската каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Живово живееле 360 жители, од кои 350 Македонци и 10 Роми.[2] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Живово се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 58 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]
Селото броело 250 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле само пет жители, Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Живово немало жители.[6] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 360 | 400 | 225 | 243 | 250 | 79 | 7 | 5 | 5 | 0 | 0 |
Во селото постои избирачкото место бр. 1527 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна канцеларија на селото Витолиште. Во избирачкото место се опфатени населените места: Живово, Витолиште и Врпско.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 130 гласачи.[12].