Инџиково | |
Координати 42°0′50″N 21°29′42″E / 42.01389°N 21.49500°E | |
Општина | Гази Баба |
Население | 4.324 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25067, 25567 |
Надм. вис. | 227 м |
Инџиково на општинската карта Атарот на Инџиково во рамките на општината | |
Инџиково на Ризницата |
Инџиково — најголемо село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје, кое според неговата местоположба може да се смета и за предградие на самиот град.
Ова село се наоѓа во Скопското Поле, недалеку од самиот град Скопје, во североисточна насока, и од патот Скопје-Велес, па затоа припаѓа на руралната зона на градот. Се наоѓа во рамничарските предели на Скопска Котлина, или во близина на јужните граници на Скопска Црна Гора. Селото е рамничарско, на надморска височина од 227 метри.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 11 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 29 мажи христијани, со 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 68 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 117 жители.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Инџиково живееле 81 жител, од кои 76 Македонци христијани и 5 Турци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Инџиковo имало 56 Македонски егзархисти.
Во 1913 година, во селото биле евидентирани 122 жители. Било дел од Општина Асанбегово.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]
Во Инџиково населението претежно е вработено во градот, а добар дел се занимава со земјоделство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
На пописот од 2002 година, селото имало 3.343 жители, од кои 2.567 Македонци, 2 Турци, 62 Роми, 553 Албанци, 17 Власи, 62 Срби, 23 Бошњаци и 57 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4.324 жители, од кои 2.983 Македонци, 527 Албанци, 3 Турци, 412 Роми, 32 Власи, 49 Срби, 13 Бошњаци, 18 останати и 287 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 81 | 62 | 217 | 314 | 1.067 | — | — | — | — | 3.343 | 4.324 |
Според исражувањата од 1953 година, родови во Инџиково се
Македонски
Доселеници: Дуковци (3 к.) по потекло се од околината на Бабуна во Велешко. Во Скопско најпрво се населиле во Бутел и Арачиново. Во Инџиково овој род е помеѓу најстарите; Пампуровци или Атанаскови (2 к.) доселени се од селото Арачиново; Чучевци (1 к.) доселени се од селото Добри Дол; Џикови (1 к.) доселени се однекаде; Тоде Гавре или Трајаноски (1 к.) во Инџиково се од турско време. А некое време живееле и во Маџари; Трубаревци (2 к.) основачот на овој род, таткото на Анте (жив на 76 г. во 1953) се викал Петре. Он е роден во селото Пагаруша. Од Пагаруша, споменатиот Петре преминал во Ракотинци, па потоа Маџари, Долно Лисиче, Трубарево, па повторно во Маџари, па во Кадино. И на крај во Инџиково. За овој род уште се нарекуваат и Чечерковци, Петревци и Маџарцини; Вагањаревци или Крстевци (2 к.) доселени се од селото Усје; Бушевци или Иванови (1 к.) доселени се од селото Белимбегово; Кукачови (3 к.) доселени се од Петровец; Пешови или Стојкови (3 к.) доселени се после 1912 година од селото Црешево; Јорданови (1 к.) родот го основал Блаже Путар. Тој од Блаце се преселил во Скопје, па по некое време во Инџиково; Говрлевци (1 к.) доселени се од селото Говрлево, таму биле староседелци; Николе (1 к.) Николе живеел како говедар во Идризово, Јурумлери и Бунарџик. И на крај во Инџиково.
Албански
Во Инџиково постои фудбалски клуб кој го носи името ФК Инџиково. Во своето постоење клубот има освоено две титули.
„Инџиково“ на Ризницата ? |
|