Истанбулски музеј на уметноста İstanbul Modern Sanat Müzesi | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Истанбул |
Земја | Турција |
Истанбулскиот музеј на уметноста (турски: İstanbul Modern Sanat Müzesi), е музеј на современа уметност во Истанбул, Турција. Музејот бил основан на 11 декември, 2004. Музејот се наоѓа во областа Тофан, на Босфорот и е првиот музеј од таков тип во Турција. Музејот располага со два спрата. На горниот спрат има постојана изложба, заедно со продавница и ресторани. Привремените изложби се наоѓаат на долниот спрат, заедно со кино и библиотека.