Кованец Кованци | |
Влез во селото Кованец | |
Координати 41°13′32″N 22°24′47″E / 41.22556° СГШ; 22.41306° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Гевгелија |
Област | Бојмија |
Население | 149 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1483 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 06010 |
Надм. вис. | 290 м |
Кованец на општинската карта Атарот на Кованец во рамките на општината | |
Кованец на Ризницата |
Кованец или Кованци — село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, во околината на градот Гевгелија.
Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во северниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено во подножјето на планината Кожуф.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 290 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 17 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 17,6 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 1.617 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 120 хектари, а на пасиштата само 0,5 хектари.[2]
До селото води асфалтен пат преку селото Негорци од кое е оддалечено 8 километри. Низ Кованец протекува малата Кованска Река, која е десна притока на реката Вардар и која често пресушува во текот на летото.
Подрачјето на Кованец е населено уште од железното време, за што сведочат наоѓалиштата Гроздени Дупки и Манастир Св. Атанас на 3 км западно од селото.[3]
Во XIX век, Кованец било христијанско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.
Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[4]
Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кованец имало 200 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кованец имало 208 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]
Кованец е мало село, коешто во 1961 година броело 258 жители, а во 1994 година 212 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Кованец имало 177 жители, од кои 176 Македонци и 1 Србин.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 149 жители, од кои 145 Македонци и 4 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | 208 | 271 | 315 | 298 | 246 | 242 | 231 | 212 | 177 | 149 |
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Негорци, во која влегувале селата Кованец, Негорци, Прдејци и Смоквица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Негорци, во која покрај селото Кованец се наоѓале и селата Негорци, Прдејци, Серменин и Смоквица.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Во селото постои избирачкото место бр. 359 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 144 гласачи.[17]
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
|