Ѓурасек на Тур де Франс 2014 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Кристијан Ѓурасек | ||
Роден | 26 јули 1987 Вараждин, СР Хрватска, СФР Југославија | ||
Висина | 1,70 м | ||
Маса | 56 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | ОАЕ Тим Емирати | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Професионални клубови | |||
2006–2008 2009-2011 2012 2013- | Перутнина Птуј Лоборика Адрија Мобил Лампре-Мерида | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 14 мај 2019 |
Кристијан Ѓурасек (хрватски: Kristijan Đurasek; р. 26 јули 1987 во Вараждин) — хрватски професионален друмски велосипедизам, кој настапува од 2005 година и моментално вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[1][2] Ја претставувал Хрватска на Летните олимписки игри 2012 завршувајќи 68. на друмската трка и на Летните олимписки игри 2016.
Ѓурасек започнал да вози за словенечката континентална екипа Перутнина Птуј во 2006 година, но неговата професионална кариера започнува дури во 2008 година. Во тоа време немал голем успех на меѓународните трки. Настапувал за Перутнина Птуј три години, кога освоил пет медали на националните првенства.
Ѓурасек потпишал договор со хрватската континентална екипа Лоборика на почетокот на 2009 година.[3] Во 2011 година ја освоил првата трка од Европската турнеја, на ГП Фолињано. Два дена подоцна, го повторил успехот со победа на Трофео Бастијанели.[4] Во текот на овој период освои уште три медали на националните првенства, вклучувајќи ги и двете титули на првенствата во 2011 година.
Во 2012 година, Ѓурасек настапувал за континенталната екипа Адрија Мобил. Негови најголеми резултати биле третото место на ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано, седмото место на Џиро дел’Апенино и третото место на етапа на Џиро ди Паданија. Настапил на Летните олимписки игри 2012, како доцна замена за Роберт Кишерловски, кој се повредил на четиринаесеттата етапа на Тур де Франс.[5][6] Завршил 68. на друмската трка, 40 секунди зад победникот Александар Винокуров.
На крајот на сезоната 2012, Ѓурасек потпишал договор со Лампре-Мерида за сезоната 2013. Со тоа станал третиот хрватски велосипедист кој некогаш возел за UCI ProTeam.[1][7] Негова прва трка во Светската турнеја била Париз-Ница, каде завршил 80. Негова прва победа била на Тре Вали Варезине на 23 август 2013. На крајот на сезоната 2013, Ѓурасек настапил на Светското првенство на друмската трка, но не успеал да ја заврши трката. Завршил седми на Трката околу Турција 2014, 45 секунди зад победникот Адам Јејтс.
Во 2015 година, Ѓурасек ја освоил водечката маичка на Трката околу Турција на шестата етапа со завршница на нагорнина, преземајќи го водството од Давиде Ребелин.[8] Ја освоил трката во генералниот пласман, забележувајќи историски резултат за хрватскиот велосипедизам.[9] На Тур де Свис ја освоил втората етапа со напад на водечката група од осум други велосипедисти, оставајќи четири секунди разлика.[10] Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015.[11]
Во 2016 година, Ѓурасек се натпреварувал на вторите олимписки игри. На Игрите одржани во Бразил, Ѓурасек завршил 18. со повеќе од 3 минути зад победникот Грег ван Авермат. Со тоа го имал најдобриот пласман на Хрватска на ЛОИ на велосипедските настани. Истата година учествувал на Тур де Франс и на Вуелта а Еспања.
На почетокот на сезоната 2017, Ѓурасек освоил етапа на Трката околу Хрватска, претекнувајќи го Винченцо Нибали.
Голема трка | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | 68 | — | — | — | — | — |
Тур | — | 46 | 76 | 51 | 50 | 40 |
Вуелта | — | — | 63 | 67 | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
„Кристијан Ѓурасек“ на Ризницата ? |