Лоренс Ворбас

Лоренс Ворбас
Ворбас на Трката околу Британија 2019
Лични податоци
Цело имеЛоренс Ворбас
Роден28 јуни 1990(1990-06-28)(34 г.)
Дирборн, Мичиген,  САД
Висина1,83 м
Маса67 кг
Податоци за клубот
Мом. клубАГ2Р Ситроен Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2006–2008
2009
2012
Приорити Хелт Сајклинг
Тим Вејст Менаџмент
Аксент.џобс-Вилемс Веранда (стажант)
Професионални клубови
2010–2012
2013–2014
2015–2016
2017-2018
2019-
Хинкапи Дивилопмент Тим
Аксент Џобс-Ванти
ИАМ Сајклинг
Аква Блу Спорт
АГ2Р-Ла Мондијал
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Национален друмски првак (2017)
Последна промена
2 ноември 2022

Лоренс „Лери“ Ворбас (англиски: Lawrence "Larry" Warbasse; р. 28 јуни 1990) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[1] Најдоброт е познат по освојувањето на националното друмско првенство во 2017 година. Ворбас настапувал и за екипите Ванти-Груп Гобер[2] и ИАМ Сајклинг.

Ворбас дипломирал на Мичигенскиот универзитет.[3] Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016,[4] но ја напуштил трката на шестата етапа.[5]

Кариерата на Ворбас направила исчекор во 2017 година со Аква Блу Спорт,[6] со победата на првата поединечна трка како професионалец на четвртата етапа на Тур де Свис, пред да ја освои друмската трка на државното првенство. Откако Аква Блу Спорт објавиле дека ќе се распаднат во август 2018 година, Ворбас успеал да се договори со АГ2Р-Ла Мондијал за сезоната 2019.[7]

Во 2019 година, Ворбас завршил меѓу првите пет на друмската трка и на хронометарот на националните првенства. На Џиро д’Италија 2020 завршил на 17. место, негово најдобро во кариерата, веднаш зад францускиот колега Орелен Паре-Пинтре; двоецот биле најдобро пласирани возачи од АГ2Р-Ла Мондијал на трката.[8]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2008
9. Краен пласман Тур де л’Абитиби
2011
5. Национално хронометарско првенство под 23 години
5. Краен пласман Тур де Берлин
5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж за младинци
7. Краен пласман Истарски пролетен трофеј
7. Краен пласман Флеш ди Сид
8. Гран Премио Палио дел Речото
2012
4. Национално хронометарско првенство под 23 години
5. Краен пласман Ронд де л’Изар
6. Хроно Шампеноа
8. Гран Премио Палио дел Речото
2013
1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Катар
2015
8. Краен пласман Трка околу Баварија
2016
7. Краен пласман Трка околу Полска
2017
Национални друмски првенства
1. Друмска трка
5. Хронометар
1. Етапа 4 Тур де Свис
8. Краен пласман Трка околу Норвешка
2018
4. Национално хронометарско првенство
10. Класик Ла Дром
2019
Национални друмски првенства
4. Хронометар
5. Друмска трка

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
Џиро СО 52 17 41
Тур не настапил во текот на својата кариера
Вуелта 74 38 49 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. „AG2R Citroën Team“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на January 1, 2021. Посетено на January 1, 2021.
  2. „BMC Racing Team (BMC) – USA“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на January 1, 2014. Посетено на January 1, 2014.
  3. Виндзор, Ричард (11 декември 2014). „IAM Cycling announce 2015 lineup, with 10 new signings“. Cycling Weekly. Посетено на 12 декември 2014.
  4. „99th Giro d'Italia Startlist“. Pro Cycling Stats. Посетено на 6 мај 2016.
  5. „Numb leg knocks Warbasse out of Giro“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2016-09-19. Посетено на 13 мај 2016.
  6. Маршал-Бел, Крис (24 октомври 2016). „National champion Adam Blythe signs for Aqua Blue Sport alongside Andy Fenn“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 14 јуни 2017.
  7. „Warbasse signs with AG2R La Mondiale“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 13 септември 2018. Посетено на 4 ноември 2018.
  8. Burnton, Simon (October 25, 2020). „Giro d'Italia: Geoghegan Hart seals shock win after time-trial – as it happened“. The Guardian. Guardian Media Group. Посетено на January 8, 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]