Љу Банѓу | |
---|---|
Изворно име | 刘半九 |
Роден/а | Љу Женфу (刘仁甫) ноември 8, 1922 Округ Хуангпи, Хубеи, Кина |
Починат/а | септември 29, 2009 Пекинг, Кина | (возр. 86)
Псевдоним | Лу Јуен (绿原) |
Занимање | Поет, преведувач |
Јазик | кинески, англиски, германски јазик |
Апсолвент на | Универзитет Фудан |
Период | 1942–2009 |
Жанр | Поезија |
Значајни награди | 1998 Книжевна награда Лу Џун 'Фауст' Струшки вечери на поезијата – Награда Златен венец (1998) Поетски меѓународен Пен клуб – Златна награда (2003) |
Љу Банѓу ((упр. кин.: 刘半九; трад. кин.: 劉半九; пинјин: Liú Bànjiǔ) со псевдоним Лу Јуен (кинески: 绿原) (Вухан, 8 ноември 1922 — Пекинг, 29 септември 2009) — кинески преведувач и поет.[1] [2][3][4]
Лу е роден во округот Хуангпи во градот Вухан, Хубеи во ноември 1922 година.[1][2] [4] Лу дипломирал странски јазици на Универзитетот Фудан во 1944 година.[1] [2] [4] По дипломирањето, тој работел како професор по англиски јазик во Сечуан и Вухан.
Лу започнал да објавува поезија во 1941 година. Во 1949 година Лу ѝ се приклучил на Кинеската комунистичка партија.
По основањето на Комунистичката држава, Лу работел како уредник во Одделот за пропаганда на Комунистичката партија на Кина.
Во 1955 година, Лу бил политички прогонет во контрареволуционерниот случај на Ху Фенг ( Chinese ), во исто време, сам го научил германскиот јазик.[1] [2][4][5]
Во 1962 година, Лу работел во Издавачката куќа Народна литература како уредник. Се пензионирал во 1988 година.
Починал во Пекинг, на 29 септември 2009 година, на 87-годишна возраст.
|
|