Миодраг Јешиќ (Осеченица, 30 ноември 1958 – Рума, 8 декември 2022 година) бил поранешен југословенски и српски фудбалер, а бил и фудбалски тренер.
Фудбалската кариера Јешиќ ја започнал во екипата на ФК Жарково, а пред крајот на седумдесеттите години на минатиот век станал член на екипата на Партизан. Настапувал на позициите последен играч за врска и одбранбен играч (либеро). Целосна афирмација добил на почетокот на 80-тите, под раководство на тренерот Томо Калоперовиќ. Подоцна станал стандарден играч, но и југословенски репрезентативец. Со екипата на Партизан освоил две шампионски титули (1977/78, 1982/83).
Јешиќ го напуштил клубот на Партизан во летото 1985 година и заминал во екипата на Алтај, каде настапувал до 1989 година. Таму стигнал до капитенската лента. Сезоната 1989/90 на покана на тренерот Томо Калоперовиќ ја минал во екипата на Трабзонспор, а во сезоната 1990/91 година се вратил во составот на Партизан на покана на тогашниот тренер Милош Милутиновиќ. Во екипата на Партизан минал една полусезона по која ја завршил својата кариера. Меѓутоа, во 1992 година на покана на луѓето од екипата на Алтај му се вратил на фудбалот. Кариерата ја завршил во Турција.
За младата репрезентација на Југославија Јешиќ одиграл 25 натпревари, а за сениорскиот тим на Југославија одиграл вкупно 8 натпревари и постигнал 2 гола. Својот прв натпревар го имал на 17 ноември 1982 година во Софија против репрезентацијта на Бугарија (1:0), а последниот натпревар за „сините“ го одиграл на 12 септември 1984 година во Глазгов против составот на Шкотска (1:6).[1]
# | Дата | Место | Противник | Голови | Резултат | Тип на натпревар |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 15 декември 1982 година | Стадион под Горица, Титоград (Подгорица) | Велс | 4:2 | 4:4 | Квалификации за ЕП 1984 година |
2. | 7 јуни 1983 година | Стадион Хосе Бартел, Луксембург | Западна Германија | 1:2 | 2:4 | Пријателски |
Тренерската кариера ја започнал во тимот на Обилиќ, а потоа ги водел и екипите на Крајишник од Белград, Вршац, Раднички од Белград, Млади Радник, Раднички од Ниш и ОФК Белград.[1]
Во сезоната 1999/00 го предводел тимот на Партизан. Тој го освоил второто место на табелата во Првата лига на СРЈ со четири бода заостанување зад екипата на Црвена ѕвезда. Во таа сезона црно-белите играле најефикасен фудбал бидејќи во 40 одиграни кола постигнале 111 голови или дури 26 гола повеќе од шампионот Црвена ѕвезда. Што се однесува до европските натпреварувања, екипата на Партизан на почетокот ја елиминирал естонската екипа Флора (6:0, 4:1) во квалификациите Лигата на шампионите. Подоцна била елиминирана и хрватската екипа на Риека со две победи (3:1, 3:0) а во последното трето коло од квалификациите белградскиот клуб бил елиминиран од составот на Спартак од Москва.[2] Тимот на Партизан подоцна продолжил да се натпреварува во Купот на УЕФА, каде што бил елиминиран во првото коло од англискиот тим на Лидс Јунајтед. Јешиќ поднел оставка на крајот на сезоната.
Јешиќ потоа, работел во Тунис, каде што го освоил Купот на арапските шампиони со екипата на Сфаксијен, за прв пат во нивната историјата на постоење. Од овој клуб му бил понуден 10-годишен договор, но поради смртта на неговата 19-годишна ќерка Јелена, тој решил да го напушти клубот и да се врати во Србија.[2] Подоцна работел во Бугарија, каде што ја предводел екипата на Славија од Софија.
Во месец февруари 2005 година ја презел екипата на ЦСКА од Софија.[3] Со тимот на ЦСКА ја освоил 30та јубилејна титула, а Јешиќ станал првиот странски тренер кој ја освоил титулата со овој клуб. Подоцна ЦСКА немала среќа во извлекувањето за Лигата на шампионите, бидејќи во квалификациите го добиле тогашниот шампион на Европа составот на Ливерпул. Англискиот клуб ја совладал ЦСКА на тренерот Јешиќ во Софија со резултат од 3:1, за на „ Енфилд“ бугарскиот клуб да биде подобар со резултат од 1:0, а со тоа да биде блиску до голема сензација. Екипата на ЦСКА во 1то коло од Купот на УЕФА повторно немала среќа и го добила составот на Бајер од Леверкузен. Сепак, екипата на ЦСКА во дуелот со германскиот тим успеале да победат и со тоа да се квалификуваат во групната фаза од Купот на УЕФА. ЦСКА во групната фаза го заземала последното место во групата со една победа и три порази. Во сезоната 2004/05 Јешиќ бил прогласен за тренер на сезоната, а во декември 2005 година бил првиот странец во историјата на бугарскиот фудбал кој бил прогласен за тренер на годината.[2][4] Сепак, во вториот дел од сезоната 2005/06 екипата на ЦСКА започнала да остварува полоши резултати, па Јешиќ во месец април 2006 година добил отказ.[5]
Во мај 2006 година по втор пат во кариерата бил назначен за тренер екипата на Партизан.[6][7] Тој со клубот успеал да ги елиминира Марибор и Гронинген во калификациите од Купот на УЕФА и со тоа да ги донесе црно-белите во групната фаза од тоа натпреварување. Партизан во групната фаза го освоил последното место во групата бидејќи на 4 одиграни натпревари имал три порази и еден нерешен резултат. Во Српската Суперлига клубот забележувал слаби резултати, па Јешиќ си поднел оставка на 6 јануари 2007 година, а управниот одбор на клубот ја прифатил таа одлука.[8] Во моментот на оставката на Јешиќ, клубот на Партизан бил на 4-то место во Супер лигата со 14 бода помалку од првопласираната Црвена ѕвезда.[9]
Во сезоната 2008/09 Јешиќ бил тренер на подгорички Будуќност. Подгоричаните завршиле на второто место во првенството зад составот на Могрен, додека во Купот на Црна Гора биле елиминирани во полуфиналето од составот на Ловќен. Јешиќ се повлекол веднаш по натпреварот од последното коло одигран со екипата на Језеро во Плав (2:2).[10]
Во текот на 2009 и 2010 година Јешиќ работел во Либија како тренер на екипата на Ал Итихад, со кој успеал да ја освои двојната круна.[11] Во јуни 2010 година, тој се преселил во Кина за да ја преземе екипата на Чангша Џинде, која ја водел до месец февруари 2011 година. Кога се вратил во Либија, тогаш потпишал договор до крајот на сезоната со прволигашот Ал Тахади Бенгази. Поради политичките случувања во Либија, тој бил принуден да го промени клубот, па извесен период го предводел иранскиот Шардари Тебриз, а потоа и клубот на Наџран од истоимениот град од Саудиска Арабија.[1]
Во јануари 2013 година по вторпат седнал на клупата на ЦСКА од Софија.[12] Сепак, тој ја водел ЦСКА на само два натпревари пред да добие отказ. Јешиќ ги минал целокупните зимски подготовки со тимот, а кога дошло време за натпреварувачки натпревари, го загубил првиот натпревар, а вториот успеал да го победи против Черноморец (2:0).Сепак отказот следувал по победата. Клубот како причина го навел тоа што тимот не играл добро под раководство на Јешиќ.[13] На почетокот на април 2014 година по втор пат во кариерата, тој го презел составот на Литекс, на местото на дотогашниот тренер Златомир Загорчиќ.[14] На крајот на сезоната со составот на Литекс го освоил третото место во бугарското првенство, по што добил и отказ.[15]
Во јануари 2015 година, тој го презел тимот на Јангон Јунајтед од Мјанмар.[16] Јешиќ решил да го напушти Мјанмар по само девет месеци и покрај тоа што со клубот бил убедливо прв на табелата и било само прашање на денови кога тимот ќе ја обезбеди шампионската титула. Причина за заминувањето била понудата за преземање на тимот на Сараево.[17] Тој бил официјално претставен како нов тренер на Сараево на 23 септември 2015 година.[18] Сепак, Јешиќ не успеал да постигне добри резултати за неполните шест месеци поминати на клупата на тимот од Кошево. Кон средината на месец март 2016 година се согласил да го раскине договорот со клубот. На 16 натпревари на кормилото на екипата на Сараево забележал девет победи, два нерешени резултати и пет порази. Кога дошол на позицијата шеф на стручниот штаб, клубот на Сараево заостанувал само два бода зад тогаш водечкиот тим во БиХ, Зрињски, а го оставил клубот со негатива од осум бода зад лидерот, екипата на Слобода. Последната капка која ја прелила чашата била испаѓањето на екипата на Сараево во четвртфиналето на Купот на БиХ од составот на Слобода, која го добила дуелот со вкупен резултат од 5:1.[19]
Во ноември 2016 година, Јешиќ го презел составот на Ал Араби од Кувајт.[20] По неговото доаѓање врзал неколку победи, но потоа започнала серија на послаби резултати, по што добил отказ во март 2017 година, по поразот од директниот конкурент за круната екипата на Ал Насер (0:4). Во моментот на отказот на Јешиќ, Ал Араби бил трет во кувајтското првенство со 29 бода, три помалку од лидерот Ал Насер.[21] На почетокот на јули 2017 година, тој го презел составот на Ал Итефак од Саудиска Арабија[22] На клупата на овој клуб останал до месец декември истата година кога добил отказ. Јешиќ започнал добро, но лошите резултати во последниот месец влијаеле за неговата разделба со Ал Итефак. Клубот имал серија од четири последователни порази, кои довеле до 13 позиција, место кое води во понизок ранг.[23]
На последниот ден од август 2019 година, Јешиќ го презел египетскиот тим на Исмаили.[24] Клубот го водел три месеци, по што добил отказ.[25]
|accessdate=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)
|date=
(help)