Катир на Светското првенство 2022 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Полно име | Мохамед Катир Ел Аузи | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Националност | Шпанец | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 17 февруари 1998 Ксар ел-Кебир, Мароко | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1.78 м | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 61 кг | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Земја | Шпанија | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | 1500 метри, 3000 метри, 5000 метри, крос кантри | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Клуб | Плајас де Кастељон | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Тренер | Габриел Љоренте | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Мохамед „Мо“ Катир Ел Аузи (роден на 17 февруари 1998 г.) — шпански атлетичар на кратки и долги патеки.
Тој освоил бронзен медал на 1500 метри на Светското првенство 2022 и сребрен медал на 5000 метри на Светското првенство 2023. Катир исто така освоил сребрен медал на 5000 метри на Европското првенство 2022. Тој е сопственик на европскиот рекорд на 3000 метри во сала.
Катир е сопственик на три државни рекорди на Шпанија (1500 м, 3000 м, 5000 м) и е двократен државен првак.
Роден во Ксар ел-Кебир, Мароко, Мохамед Катир израснал во Мула, Мурсија, Шпанија уште од 5-годишна возраст.[1][2][3] И покрај тоа што Катир трчал како Шпанец во младинските натрпеварувања и бил победник на државното првенство на Шпанија во крос кантри трчање,[4] тој всушност добил шпанско државјанство во октомври 2019 година, по долг 4-годишен процес.[5]
Во мај 2021 година, Катир за прв пат победил на трка од Дијамантската лига, победувајќи на трката на 5000 метри во Гејтсхед. Во јуни и јули, тој соборил три долготрајни шпански државни рекорди во период од само 33 дена на трките од Дијамантската лига. Прво на 10 јуни, тој истрчал нов рекорд на 5000 метри со време од 12:50.79 во Фиренца, Италија.[6] Неколку недели подоцна, во Монако, тој поставил нов шпански рекорд на 1500 метри, завршувајќи втор зад светскиот првак од 2019 година, Тимоти Черијот, кој истрчал сопствено најдобро време во трката. Истрчаното време на Катир од 3:28.76 го рангирало како десетти најбрз атлетичар во историјата, само осум стотинки зад европскиот рекорд.[7][8] Четири дена подоцна, тој победил на 3000 метри во Гејтсехд, Обединетото Кралство со време од 7:27.64, соборувајќи го рекордот на патеката поставен од Хаиле Гебреселаси. Овој резултат го рангирал Катир на 15. место на табелата на сите времиња.[9] На крајот на годината, Катир победил на трката Сан Силвестре Валекана на 10 километри во Мадрид со нов државен рекорд, станувајќи прв домашен победник на трката по 2003 година.[10]
На Светското првенство 2022 во Јуџин, Катир го освоил својот прв медал на големите првенства, бронза на 1500 метри, со време од 3:29,90, зад Џек Вајтман и Јакоб Ингебригтсен.[11] Месец подоцна тој освоил сребрен медал на 5000 метри на Европското првенство 2022 во Минхен.[12]
На 15 февруари 2023 година, Катир поставил нов европски рекорд на 3000 метри во сала во Лијевен, Франција (на трка во која Ламеча Гирма го соборил светскиот рекорд) со време од 7:24.68, подобрувајќи го претходниот рекорд на Адел Мечал за речиси шест секунди. Неговото време било подобро дури и од европскиот рекорд на отворено на 3000 метри кој изнесувал 7:26.62.[13][14] Во август 2023 година, на Светското првенство 2023 во Будимпешта, тој освоил сребрен медал на трката на 5000 метри, заостанувајќи зад Јакоб Ингебригтсен само 0.14 секунди на целта.
Дисциплина | Резултат | Место | Датум | Рекорд | |
---|---|---|---|---|---|
На отворено | 800 метри | 1:51.84 | Мадрид, Шпанија | 12 мај 2019 | |
1.500 метри | 3:28.76 | Монако, Франција | 9 јули 2021 | ДР | |
3.000 метри | 7:27.64 | Гејтсхед, Обединето Кралство | 13 јули 2021 | ДР | |
5.000 метри | 12:45.01 | Монако, Франција | 21 јули 2023 | ДР, EР | |
5 километри | 13:20 | Малага, Шпанија | 24 април 2022 | ||
10 километри | 28:58 | Мадрид, Шпанија | 31 декември 2020 | ||
Во Сала | |||||
1.500 метри | 3:34.32 | Мадрид, Шпанија | 22 февруари 2023 | ||
3.000 метри | 7:24.68 | Лијевен, Франција | 15 февруари 2023 | ДР, EР |
„Мохамед Катир“ на Ризницата ? |