Нан Лерд

Нан М. Лерд
Роден(а)18 септември 1943
УстановиХарвард училиште за јавно здравство
ОбразованиеХарвард
Теза„Лог-линеарни модели со случајни параметри: емпириски пристап на Бајес“ (1975)
Докторски менторАртур Демпстер
Познат поалгоритмот Очекување-максимизација,
ДерСимониан-Лерд проценувач
Поважни наградисоработник на Американска статистичка асоцијација, соработник на Институт за математичка статистика

Нан Меккензи Лерд (родена на 18 септември 1943 година) е професорка по биостатистика на Харвард училиштето за јавно здравство. Била претседателка на Одделот, во периодот од 1990 до 1999 година. Таа била Хенри Пикеринг Валкот Професор по биостатистика од 1991 до 1999 година. Лерд е соработничка на Американската статистичка асоцијација, како и на Институтот за математичка статистика. Член е на Меѓународниот институт за статистика.[1]

Истражување

[уреди | уреди извор]

Лерд докторирала на Харвард универзитетот во 1975 година, под Артур Демпстер.

Лерд е добро позната по многу плодотворни документи по биостатистички апликации и методи, вклучувајќи го и алгоритмот Очекување-максимизација. Таа е високо цитиран автор, според ИСИ-мрежата на знаења (ISI Web of Knowledge[мртва врска]).

Признанија

[уреди | уреди извор]

Нејзините почести ги вклучуваат: наградата на Прдју универзитетот Мајра Семјуелс Предавач (2004), Џенет Л. Норвуд наградата (2003), од Американската статистичка асоцијација, Флоренс Најтингејл Дејвид наградата (2001), од Комитетот на претседатели на статистичките друштва, како и неколку други стипендии.

Одбрани публикации

[уреди | уреди извор]
  • Демпстер, А. П.; Лерд, Н.; Рубин, Д. Б. (1977), „Максимална веројатност од нецелосните податоци преку ЕМ алгоритмот“, Весник на Кралското статистичко друштво, Серија Б, 39 (1): 1–38, JSTOR 2984875
  • ДерСимониан, Р.; Лерд, Н. (1986), „Мета-анализа во клиничките испитувања“, Контролирани клинички испитувања, 7 (3): 177–188, doi:10.1016/0197-2456(86)90046-2, PMID 3802833
  1. „Page 1 SCASA's 2006 Workshop in Applied Statistics“ (PDF). sc-asa.org. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-12-09. Посетено на 2008-07-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]