Ненад Димитријевиќ

Ненад Димитријевиќ
Димитријевиќ со Ховентут Бадалона
Димитријевиќ со Ховентут Бадалона
Прекар(и)Нено
Позицијаплејмејкер
Висина1.90 м
Тежина79 кг
ЛигаЛБА
Евролига
КлубОлимпија Милано
Број1
Роден23 февруари 1998(1998-02-23)(26 г.)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонија Македонец
Драфт2020 / Не драфтуван
Проф. кариера2016–
Клубови
2016–2021Ховентут Бадалона
2021–2023Валенсија
2022–2023УНИКС Казан
2023–2024УНИКС Казан
2024–Олимпија Милано
Репрезентација
2020–Македонија Македонија

Ненад Димитријевиќ (роден на 23 февруари 1998) — македонски професионален кошаркар на Олимпија Милано од италијанската Лега Баскет Серија А и Евролигата.[1][2][3][4] Тој е дел од македонската кошаркарска репрезентација. Висок е 1.90 метри, а игра на позицијата плејмејкер.

Професионална кариера

[уреди | уреди извор]

Ховентут Бадалона (2016–2021)

[уреди | уреди извор]

Димитријевиќ ја започнал својата професионална кариера потпишувајќи со шпанскиот клуб Ховентут Бадалона за сезоната 2016–17. Тој не бил драфтуван на НБА драфтот во 2020 година, кога автоматски станал подобен на 22-годишна возраст.

Тој останал во клубот пет сезони до летото 2021 година. Одиграл 137 натпревари во АЦБ лигата во тој период со клубот, а сезоната 2020–21 била неговата најдобра сезона. Имал просек од 10,4 поени и 3,6 асистенции на 32 првенствени натпревари.

Валенсија (2021–2023)

[уреди | уреди извор]

На 19 јуни 2021 година, Димитријевиќ потпишал со шпанскиот клуб Валенсија.[5] Во својата дебитантска сезона, Димитријевиќ имал просек од 9,5 поени и 4,2 асистенции на 19 натпревари, додека шутирал 45,1% од поле.

Позајмен на УНИКС Казан (2022–2023)

[уреди | уреди извор]

Тој бил позајмен во рускиот клуб УНИКС Казан за сезоната 2022–2023. УНИКС продолжил да ја освои ВТБ Лигата откако го совладал Локомотив Кубан со 4–1 во финалната серија. Димитријевиќ бил прогласен за МВП на плејофот на ВТБ Лигата за неговите настапи. Со над 50 одиграни натпревари во ВТБ лигата, тој имал просек од 12,9 поени, 5,5 асистенции и 2,5 скока по натпревар. Со истекот на периодот на позајмица, Валенсија решила да го ослободи и Димитријевиќ станал слободен агент на 4 јуни 2023 година. Тој останал да игра во УНИКС Казан уште една година, кога потпишал за Олимпија Милано.

Статистика

[уреди | уреди извор]
Клуб Сезона Лига Поени Скокови Асистенции Одиграни

натпревари

Победи-

Порази

Минути Погодени

шутеви %

Погодени

тројки %

Слободни

фрлања %

Офанзивни

скокови

Дефанзивни

скокови

Украдени Загубени Блокови Фаули
Ховентут Бадалона 2016–2017 АЦБ 3.3 0.8 1.1 18 7-11 9.2 44.2 33.3 70.0 0.2 0.6 0.6 1.6 0.0 2.3
2017–2018 4.8 1.0 1.6 32 12-20 11.9 44.4 24.5 80.0 0.2 0.8 0.4 1.3 0.1 2.3
ЛШ (квал.) 11.3 2.5 2.3 4 3-1 21.3 51.7 50.0 84.6 0.0 2.5 0.5 2.8 0.0 1.8
2018–2019 АЦБ 5.7 1.5 2.1 34 18-16 13.7 43.8 26.8 88.1 0.3 1.2 0.6 1.5 0.0 1.9
АЦБ плејоф 0.0 0.0 0.0 1 0-1 3.0 - - - 0.0 0.0 1.0 1.0 0.0 1.0
2019–2020 АЦБ 8.0 1.7 3.3 21 9-12 17.9 47.7 32.5 85.3 0.3 1.4 0.6 2.3 0.0 2.4
АЦБ плејоф 13.3 1.5 3.8 4 1-3 26.0 45.5 15.4 100.0 0.0 1.5 0.5 4.3 0.0 2.8
Еврокуп 11.9 1.6 3.9 15 7-8 20.0 54.0 32.4 84.9 0.5 1.1 0.6 2.5 0.0 2.0
2020–2021 АЦБ 10.4 1.5 3.6 32 19-13 19.7 45.8 28.1 75.3 0.3 1.2 0.6 2.5 0.1 2.0
АЦБ плејоф 12.0 1.7 4.0 3 1-2 19.0 46.9 20.0 83.3 0.3 1.3 1.0 2.3 0.0 1.7
Еврокуп 12.9 1.6 3.6 16 12-4 20.9 54.4 32.4 80.7 0.4 1.2 0.6 2.4 0.0 1.3
Валенсија 2021–2022 АЦБ 9.4 1.7 4.2 19 12-7 19.4 44.8 24.3 89.1 0.4 1.3 0.3 2.9 0.1 1.7
АЦБ плејоф 10.0 2.3 3.0 3 1-2 19.7 35.3 15.4 80.0 0.3 2.0 1.0 0.7 0.0 2.0
Еврокуп 5.5 1.0 3.9 10 6-4 16.1 37.9 6.7 100.0 0.2 0.8 0.6 1.6 0.0 1.1
УНИКС Казан 2022–2023 ВТБ 11.4 2.1 5.7 32 24-8 26.2 45.5 31.5 83.1 0.4 1.8 0.8 2.3 0.1 2.6
ВТБ плејоф 15.8 3.2 5.3 15 11-4 29.7 48.6 31.5 92.9 0.6 2.6 1.2 2.7 0.1 2.4
2023–2024 ВТБ 19.0 3.6 6.6 35 25-10 29.0 53.2 44.2 90.6 0.6 3.1 1.3 3.4 0.1 2.2
ВТБ плејоф 17.6 3.5 7.5 15 8-7 32.3 46.1 40.5 92.0 0.3 3.2 1.0 3.0 0.1 2.9
Олимпија Милано 2024–2025 ЛБА

Репрезентација

[уреди | уреди извор]
Репрезентација Сезона Поени Скокови Асистенции Одиграни

натпревари

Победи-

Порази

Минути Погодени

шутеви %

Погодени

тројки %

Слободни

фрлања %

Офанзивни

скокови

Дефанзивни

скокови

Украдени Загубени Блокови Фаули
У16 2013–2014 17.8 4.8 1.9 9 3-6 29.3 40.3 33.3 81.0 1.0 3.8 1.4 3.9 0.2 1.9
У16 2014–2015 16.9 5.3 9.3 8 6-2 35.9 35.0 25.0 76.1 1.4 3.9 1.8 4.9 0.0 3.0
У18 2015–2016 19.8 4.3 3.0 8 3-5 32.3 44.3 30.3 66.7 0.9 3.4 1.1 4.1 0.1 1.8
У18 2016–2017 20.6 6.1 8.6 8 2-6 34.0 43.8 22.0 76.5 1.3 4.9 2.9 5.3 0.5 1.4
А Репрезентација 2021–2022 18.4 4.0 5.6 5 2-3 30.0 45.1 29.2 84.0 0.4 3.6 0.6 5.4 0.0 2.0
А Репрезентација 2022–2023 25.0 7.0 2.0 1 0-1 32.0 47.4 33.3 83.3 0.0 7.0 0.0 8.0 0.0 3.0
А Репрезентација 2023–2024 28.5 5.0 5.5 2 1-1 35.0 50.0 37.5 93.8 0.5 4.5 0.5 4.0 0.0 2.5
А Репрезентација 2024–2025
  1. „Nenad Dimitrijevic Basketball Player Profile, FIATC Joventut Badalona, News, Liga Endesa stats, Career, Games Logs, Bests, Awards - eurobasket.com“. Basketball.eurobasket.com. 1998-02-23. Посетено на 2016-07-07.
  2. „Nenad Dimitrijevic“. Bgbasket.com. 1998-02-23. Посетено на 2016-07-07.
  3. „Чудесно деби на Ненад Димитријевиќ“. ekipa.mk. Посетено на 8 December 2011.[мртва врска]
  4. „Ненад Димитријевиќ од денеска на кампот на Џордан“. telegraf.mk. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 7 March 2014.
  5. „Nenad Dimitrijevic joins Valencia“. Sportando (англиски). June 19, 2021. Посетено на June 20, 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]