Никола Атанасов | ||
Роден | 1886 Огњаново, денес Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 15 март 1945 Неврокоп, Бугарија |
Никола Атанасов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, се вклучил во политичкиот живот на Бугарија како близок на Внатрешна македонска револуционерна организација на Иван Михајлов.
Атанасов е роден во сиромашно семејство во селото Фотовишта (денес Огњаново), тогаш во Османлиското Царство, денес Бугарија. Се стекнал со стипендија и завршил бугарска егзархиска богословија во османлиската престолнина Цариград. Се вратил во Македонија каде влегол во влегува во Македонската револуционерна организација и станува четник во четите на Стојан Филипов и Стојан Малчанков.
По Балканските војни, Атанасов работи во даночното управување со Неврокоп (денес Гоце Делчев). Истовремено ја продолжува својата дејнсот во македонското револуционерно движење. Во април 1926 година Атанасов е избран за градоначалник на Неврокоп, должност која ја извршува до мај 1932 година. Како градоначалник вложува големи грижи за урбанизам на градот - создава првиот урбанистички план, спровел водовод и електрика, изградил нова гимназија. Иван Михајлов во своите спомени за Атанасов истакнува:
По 19-то мајскиот државен удар во 1934 година и ударот против ВМРО, Атанасов е интерниран во Ловеч. По државниот удар од 1944 година Атанасов се крие во селото Заграде. Опколен од полицијата, Атанасов се спротивставува и е тешко повреден во ’рбетот. Суден е на носилка од т.н. народен суд во 1945 година. Убиен е во дворот на Неврокопскиот затвор.[2][3]