Падот на Византија (група)

Падот на Византија
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровипост-панк, дарк вејв, византиска музика
Членови
Горан Трајкоски - вокали
Зоран Дабиќ - гитара
Шапенд Инрахим - тапани
Сами Ибрахим - бас гитара

Падот на Византија е македонска дарк вејв група која настанала во 1983 година. Формирана била од Горан Трајкоски на бас и како вокал, Климе Ковачевски на гитара и Шпенд Ибраими на тапани. Името го добила како метафора на падот на Константинопол во 1453 година. Влијанието на мистиката од средниот век и на духовноста на православието, како и на дарк-вејв групите од осумдесеттите и пост-панк движењето од тоа време, на бендот му дала јасна определба, како музичка, така и духовна, и го разликува од остатокот на сцената.

Историја

[уреди | уреди извор]

Приказната за Падот на Византија започнaла четири години пред самото формирање на бендот, во Струга, под влијание на панк-групите од крајот на седумдесеттите. Поточно, во 1979 година бил формиран панк-кавер бендот Филтер, во чиј состав членувале: шеснаесетгодишниот Горан Трајкоски на бас и како вокал, Марјан Матоски на тапани, Никола Угриноски на гитара, Климе Ковачески на гитара и Тихомир Оташевиќ како вокал. Тихомир, во групата се задржал само неколку месеци. Филтер имал само два настапа во Струга, по што престанал со работа. При едно патување во Скопје, Горан се запознал со Владимир Петровски-Картер (екс Фол) и со Шпенд Ибраими (екс Фол), па во есента 1980 година, заедно го формирале бендот Сарацени.

Во тој период, Горан како средношколец постојано бил на релација СтругаСкопје за да присуствува на пробите и на концертите на Сарацени. Но, во август 1981 година Картер заминал во војска, Сарацени паузирал, а Горан останал во Струга и на темелите на распаднатиот Филтер го формирал бендот ,,Афективен Набој''. Во бендот влегол и Зоран Лукшевиќ на тапани, а подоцна им се приклучил и Љупчо Бујароски како втора гитара. Некои од песните што ги вежбале се: ,,Нечија амбиција'' ,,Кога ноќта станува ден'' ,,Не ми треба никој'' ,,Кога љубовта се претвора во омраза''. Единствените демо-снимки Афективен Набој ги снимил во импровизирано студио на сцената на Домот на културата во Струга. Со овие снимки, во 1981 година, бендот се пријавил на „YURM“, но бил одбиен. За жал, денес овие снимки се изгубени.

Во октомври 1982 година Горан заминал во ЈНА, па бендот престанал да постои. По враќањето, во септември 1983 година, заминал на студии во Скопје и бил во потрага по луѓе за нов бенд. Му се јавил на стариот пријател Климе, а го повикал да се приклучи и Шпенд бидејќи во тој период се распаѓал и бендот Сарацени, па така се родил бендот ,,Падот на Византија''. Првите проби на бендот биле во приземјето на семејната куќа на фамилијата Ибраими во населбата Тафталиџе 2, каде што своевремено имале проби и Сарацени. Во овој состав групата ги создала и првите песни: ,,Истата состојба'' и ,,Ноќ над Југославија'', но ги преаранжирала и некои од песните наследени од претходниот состав (Афективен Набој): ,,Кога ноќта станува ден'' и ,,Не ми треба никој''. Во маj, во 1984 година, во просториите за вежбање, бендот го снимил своето единствено демо со осум песни. По краток период, го одржале својот прв концерт, во јуни 1984 година, единствениот со Климе Ковачевски на гитара, во флиперницата „Скопје“, на местото на денес непостоечката улица, каде што сега се наоѓа клубот „Балет“.

Во септември 1984 година, Климе го напуштил бендот и заминал прво во Холандија, а потоа во Америка. Набргу потоа, во октомври 1984 година, Зоран Дабиќ, гитаристот на скопските групи Тартиф и Долар, а подоцна и новинар на списанието „Млад борец“, и басистот Сами Ибраими (екс Сарацени), брат на Шпенд , му се придружиле на Падот на Византија, донесувајќи нова бескомпромисна и креативна енергија во звукот на бендот. Првиот настап оваа постава го имала веќе во ноември 1984 година, во Домот на младите „25 Мај“, на „Рок Фест ‘84“, каде што отсвиреле три песни. Одличниот настап му обезбедил и настап во финалето, на 21.12.1984, во кошаркарската сала на Работнички, каде што според гласовите на публиката, бендот го освоил првото место. Kако награда, на 14.3.1985, во студиото „М-2“ на РТВ Скопје, со продуцентот Никола Кимовски биле направени единствените две студиски снимки: ,,Истата состојба'' и ,,Почеток и крај''. Со оглед на тоа дека Сами во тој краток период по финалето на Рок Фест не бил во бендот, Горан ја отсвирил и бас-гитарата. Придружните вокали на овие снимки ги отпеал тогаш познатиот Октет Македонија. Без Сами во поставата, бил отсвирен и концертот во кумановската „Соколана“, по што Сами повторно се вратил во бендот, па на наредниот концерт во Штип, на 2.3.1985, составот бил целосен. На 15 март, групата била дел од хуманитарниот концерт во „25 Мај“ во Скопје, наречен „Рок концерт за етиопските мајки – храна за нивните деца“. Бендот настапил заедно со: Badmingtons, Психо, Inola X, Bastion, Гино де Гаги, Урбан, Moral, Рок Систем. Веќе на 24.3.1985, Падот на Византија го одржал и првиот концерт надвор од Македонија, во Ниш, во рамките на манифестацијата „Поздрав од Скопје“, заедно со Badmingtons, Меморија, Урбан и Карамела. По неколку дена, на 3.4.1985, настапил и на дочекот на Штафетата на младоста, на Скопскиот саем, заедно со Badmingtons, Bastion, Тумба, Карамела и многу други. Веројатно најважниот концерт на Падот на Византија се случил во загребскиот клуб „Kuklušić“ на 8.4.1985, во рамките на четврто издание на сејугословенската манифестација „YURM“. Бендот ја освоил првата награда, а предвидувањата и препораките на новинарите и на жирито биле дека ова е групата што треба и мора прва да добие винилно издание.

За жал, времето покажало дека групата ќе остане единствената од финалистите што нема да добие никакво издание. Многу кратко по загрепскиот настап, се случил и вториот самостоен концерт, на 5.5.1985, во сегашното кино „Фросина“, на импровизирана бина зад кино-платното, каде што пред околу триста луѓе Падот на Византија настапил заедно со групата Берлин гори (пред и по овој концерт позната како Мизар) и со „Добри Исак“ од Ниш. Со дел од материјалите од овој концерт, во летото 1985 година, уметниците Венко Цветков и Искра Димитрова го изработиле спотот за песната Почеток и крај. Ова е еден од пионерските видеоартови во Македонија. Како финалисти на YURM, заедно со „La Strada“ и со „Niet“, на 9.5.1985, бендот повторно настапил во Загреб, овој пат на „Trg Republike“, пред околу 25 000 гледачи. На 12.7.1985, ден пред големиот концерт „Band Aid“, Падот на Византија се претставил и пред сараевската публика, во рамките на програмата „Poetika prostora“, свирејќи на отворено пред Народниот театар во Сараево. По два дена, на 14.7.1985, веќе бил на концерт во Бања Лука, последниот во кариерата на бендот. На концертот во Сараево, бил забележан од уредниците на тогаш популарната емисијата „Rok oko“ на ТВ Сараево, па заедно со „Idoli“ и со „Katarina II“, бил поканет да гостува во емисијата. Почитувајќи го концептот на емисијата, од бендот се барало да сними спот, кон крајот на јули 1985 година, специјално за оваа емисија, неговите членови отпатувале во Сараево и покрај интервјуто, ги направиле и видеозаписите за Почеток и крај и за Истата состојба. За некого ова би било само почеток на една богата кариера, но во случајот на Падот на Византија всушност било бендовски епитаф.

Групата официјално престанала со работа во август 1985 година. Дабо и Сами никогаш повеќе активно не се занимавале со музика, а Шпент само накратко засвирил со Badmingtons. Денес, Дабо е амбасадор на Република Македонија, а браќата Шпент и Сами се иселени и живеат во САД, каде што живее и Климе. Горан започнал една друга приказна. На наследството од Падот на Византија, во септември 1985 година, се родил новиот бенд, Апореа, а во годините што следувале, настапувал и учествувал на изданијата на некои од откровенијата на Мизар, понатаму во Анастасија, како Gotra, со Veljanov, Bioscopia, Circo Europia, „Deine Lakaien“, Mooger Fooger и многу други.  

ReplyForward

Од октомври 1983 до септември 1984 година во групата членувале:

Од октомври 1984 до јуни 1985 године групата настапувала во следниов состав:[1]

Изданија

[уреди | уреди извор]

Во текот на двете години на постоењето, групата не објавила сопствен материјал на официјален носач на звук, но нивните песни се застапени на компилациите „Македонски документ“ (песната „Сепак истата состојба“)[2] и „Ноќ над Југославија“.

Концерти

[уреди | уреди извор]

Падот на Византија, во текот на своето краткотрајно постоење, има одржано концерти во следните градови:

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  1. Македонски документ / Macedonian Document step 1. ТРОТ, CD 001, 1994.
  2. Македонски документ / Macedonian Document step 1. ТРОТ, CD 001, 1994.

Слични содржини

[уреди | уреди извор]