Селото се наоѓа во областа Пијанец, во крајниот северен дел на територијата на Општина Пехчево, чиј атар се допира со подрачјето на соседната Општина Делчево, како и со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото е ридско-планинско, а куќите се издигаат на надморска височина од 800 до 1.000 метри.[2]
Атарот зафаќа простор од 24,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 926 хектари, на пасиштата отпаѓаат 894 хектари, а на шумите 579 хектари.[2]
Географски, Панчарево е дел од историско-географската област Пијанец, кое денес административно се наоѓа во Општина Пехчево. Селото се наоѓа во најсеверниот дел на општината, и атарот на Панчарево се граничи со Бугарија на исток, со Општина Делчево на запад и со атарот на селото Црник на југ. Селото се наоѓа на надморска височина од 1.000 метри, на планината Влаина.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[6]
Панчарево било големо село, па преминало во средно село по големина, населено само со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 993 жители, а во 1994 година 467 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Панчарево живееле 375 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 205 жители, од кои 185 Македонци и 20 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници: Миравџијовци (7 к.) доселени се во 1816 година од селото Стар Истевник; Мајсторци (2 к.) доселени се во 1850 година од селото Црник; Чобанци (2 к.) доселени се во 1878 година од селото Лешко кај Благоевград, Пиринска Македонија;
Српски
Радиќи (1 к.) доселени се во 1918 година од некое место Губер; Кепиќи (3 к.) доселени се во 1918 година од селото Рудница во Рашка.[13]
Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Панчарево, во која единствено село било Панчарево.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Панчарево се наоѓале селата Вирче, Нов Истевник, Разловци, Стар Истевник и Тработивиште.
Во периодот 1955-1965 година, селото се наоѓало во рамките на општината Пехчево, заедно со градот Пехчево и селата Негрево, Робово, Умилена, Црник и Чифлик.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 мај 2018.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 53-54. ISBN978-9989-2117-6-8.