Потез 29 Potez 29 | |
---|---|
„Потез 29“ пред хангарот на „Аеропут“ | |
Намена | превозен двокрилец |
Земја на потекло | Франција |
Производител | Потез |
Прв лет | 1927 |
Корисници | Француско воено воздухопловство |
Произведени | 146 |
Потез 29 (француски: Potez 29) — француски патнички двокрилен авион во производство на фабриката „Авион Анри Потез“. Иако бил предвиден за патници, голем број од овие авиони подоцна се употребувале во Француското воено воздухопловство.
Авионот е познат како првиот патнички авион во Македонија, кој го опслужувал Скопскиот аеродром, почнувајќи од 1928 г.[1] летајќи на одредиштата Белград-Скопје-Подгорица-Мостар-Сараево-Белград.
Потез 29 бил дворкилец со носен клипен мотор од 335 kW (450 КС) од типот „Lorraine 12Eb 3“, со опашест стоен трап. Бил заснован на претходниот модел Потез 25, задржувајќи ги истите крила и мотор, но со нов труп и затворена кабина за двајца екипаж и пет патници. Овој авион доживеал голем успех, опслужувајќи патнички линии во разни земји, а 120 авиони биле испорачани на Француското воено воздухопловство, каде служеле како амбуланти и леки транспортери.
Општи особености
Работни особености