Религијата во Зелен ’Рт има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата.
Католичката црква во островската земја била основана од страна на португалските трговци во 1533 година. Дипломатските односи меѓу Ватикан и Зелен 'Рт биле воспоставени во 1976 година[2]. Епархија во Мандело била поделена на два дела во 2003 година со кое била основана епархија во Сантјаго. Во 2011 година бил потпишан договор меѓу владата и Ватикан за создавање на правна основа за основање на католички училишта во земјата[3].
Денес повеќе од 93% од населението на Зелениот ’Рт се Католици, според податоците на локалните цркви.[4] Околу 5% од населението се протестанти.[5] Покрај овие две, во државата има помали групи на мормони и останати христијански деноминации[4] како Црква на Адвентистите од седмиот ден, Нова апостолска црква, Пентекости итн.[4]
Во земјата постои мала бахајска и мала муслиманска заедница. Бројот на атеисти се проценува на помалку од 1% од населението.[4].
|