Цојдл на Трката околу Австрија 2013 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Рикардо Цојдл | ||
Прекар | Ричи[1] | ||
Роден | 8 април 1988 Линц, Австрија | ||
Висина | 1,77 м | ||
Маса | 61 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Тим Предарлска | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Професионални клубови | |||
2007–2013 2014–2016 2017-2018 2019 2020-2021 2022- | РК Арбе-Реш & Фриш-Гурметфајн-Велс Трек Фактори Рејсинг Фелбермер-Симплон Велс Ванти-Гобер Фелбермер-Симплон Велс Тим Предарлска | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 1 ноември 2022 |
Рикардо Цојдл (германски: Riccardo Zoidl; 8 април 1988) — австриски професионален друмски велосипедист, кој вози за континенталната екипа Тим Предарлска.[1]
Во 2012 го освоил националното хронометарско првенство, додека во 2013 и во 2014 година го освоил националното друмско првенство.[2] Негова најголема победа досега е Трката околу Австрија 2013.[3]
Цојдл го напуштил Гурметфајн-Симплон на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Трек Фактори Рејсинг за сезоната 2014.[4] Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015.[5]
Во декември 2018 година, екипата Ванти-Гобер објавила дека Цојдл ќе биде нивен член за 2019 година како замена за сонародникот Штефан Денифл, откако екипата и Денифл се согласила на предвремено раскинување на договорот поради лични причини.[6] Ја напуштил екипата по сезоната 2019, повторно приклучувајќи се на Фелбермер-Симплон Велс за 2020 година – негов трет обид со екипата.
Голема трка | 2014 | 2015 | 2016 |
---|---|---|---|
Џиро | 40 | — | 39 |
Тур | — | — | — |
Вуелта | — | 54 | 58 |
СО = се откажал — = не учествувал
„Рикардо Цојдл“ на Ризницата ? |