Селото се наоѓа во Цапарското Поле, во близина на северните пазуви на планината Баба, оддалечено 12,5 километри западно од Битола, во близина на патот Битола - Ресен - Охрид.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ротино се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 42 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Власи.[6]
Во 1961 година во селото има 573 жители, додека во 1994 година имало 193 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Ротино има 113 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 93 жители, од кои 91 Македонец и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Ротино е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички. Селото потекнува од почетокот на XIX век.
Родови во селото Ротино се: Петревци (17 куќи) први доселеници во селото, доселени се од селото Трн, основачот на родот се викал Соколе, го знаат следното родословие: Павле (жив на 62 г. во 1951 година) Ристе-Петре-Соколе, кој се доселил од Трн; Трпеновци (14 куќи) доселени се одма после првиот род, местото на старина не го знаат; Бошевци (14 куќи) доселени се од некое село во битолско поле; Штерјовци (8 куќи), Унчевци (6 куќи), Лозановци (6 куќи), Лалевци (5 куќи), Павловци (4 куќи), Милевци (4 куќи), и Наневци (3 куќи) доселени се со непозната старина; Милошевци (3 куќи) доселени се во XIX век од селото Горно Српци каде биле староседелци; Толевци (7 куќи) и Наумовци (1 куќа) најмлади родови во селото, потекнуваат од предок кој бил Влав, и дошол од селото Трново, овде работел како слуга, и потоа се оженил.[13]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1951 година, родови во селото се:
Староседелци:Петревци или Соколевци (21 к.), Папалевци или Милошовци (3 к.), Лозановци (6 к.), Субашовци или Толевци (7 к.), Чунтревци (7 к.), Трпеновци и Тасевци (18 к.), Бошевци (14 к.), Стојчевци и Наумовци (1 к.) и Доневци (4 к.)
Доселеници:Лалевци (5 к.) доселени се околу 1820 година од околината на Колоња во јужна Албанија; Ѓерасовци (7 к.) доселени се околу 1844 година од селото Штрбово во Преспа; Трајчевци (1 к.) доселени се околу 1880 година од уништеното село Кочишта; Наневци (3 к.) доселени се во 1903 година од селото Ѓавато.[14]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-07-17. Посетено на 2021-07-17.