Русиново | |
Поглед на Русиново | |
Координати 41°40′59″N 22°48′29″E / 41.68306°N 22.80806°E | |
Регион | Источен |
Општина | Берово |
Област | Малешевија |
Население | 1.503 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2315 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01012 |
Надм. вис. | 900 м |
Русиново на општинската карта Атарот на Русиново во рамките на општината | |
Русиново на Ризницата |
Русиново — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.
Населбата се наоѓа во областа Малешевија, во средишниот дел на територијата на Општина Берово, под северната падина на Малешевските Планини.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Берово е оддалечено 6 километри.[2]
Русиново има еден од најголемите атари по површина во Македонија. Атарот зафаќа простор од 133,3 км2. На него шумите заземаат површина од 9.078 хектари, на обработливото земјиште отпаѓа 2.518 хектари, а на пасиштата 1.542 хектари.[2]
Во XIX век, Русиново било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 17 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Русиново имало 1.510 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Русиново имало 1.758 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.550 Македонци.[6]
Русиново е голема населба, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 2.242 жители, а во 1994 година 2.100 жители.[2] Според пописот од 2002 година, во селото живееле 2.095 жители, од кои 2.092 Македонци, 1 Србин и 2 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.503 жители, од кои 1.416 Македонци и 87 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.510 | 1.758 | 2.044 | 2.251 | 2.242 | 2.288 | 2.173 | 2.173 | 2.100 | 2.095 | 1.503 |
Русиново во целост е населено со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед. Семејства и родови кои живеат во Русиново се: Шутевски, Алаѓозовски, Мирчовски, Механџиски.
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Русиново, каде Русиново било единствено село во општината.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од некогашната Општина Владимирово, во која покрај селото Русиново се наоѓале и селата Владимирово и Мачево.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Во селото постојат избирачките места бр. 0014 и 0015 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месната заедница и основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на оваије изборни место биле запишани вкупно 1.602 гласачи.[16]
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
|