Свенгали е името на измислениот хипнотичар во книгата Трилби на Џорџ ду Мориер (George du Maurier) од 1894 година. Сензација во мигот на објавувањето, романот ќе создаде стереотип за изопачениот хипнотичар која постои до денешен ден.
Зборот "Свенгали" влезен е во многу јазици како збор кој означува личност што, со злобна намера, се обидува да натера друга личност да го прави она што таа го посакува. Многу често се употребува за тренер кој се обидува да наметне екстремен степен на доминација врз изведувачот кој го тренира (особено ако личноста е женско и ако е уверена дека може да настапува само во присуство на својот тренер).
Тој е "или невин или раздразлив, но можеше да биде и навистина дрзок. Поседуваше смисла за циничен хумор, кој почесто беше навредлив отколку забавен, и секогаш се смееше на погрешна работа, во погрешно време, на погрешно место. А неговата смеа секогаш беше груба и полна со злоба."
Свенгали ја претвора Трилби во голем пејач преку хипноза, но таа не може да изведува доколку тој не ѝ помогне да падне во состојба на транс. Односот меѓу Свенгали и Трилби формира само еден мал дел од романот, која во главно е приказ на Боемскиот Париз во 1850-тите.
Целосен текст на романот Архивирано на 8 декември 2007 г.